Доживотна љубов: Прекрасна прослава на брачен пар за 60-годишнината од бракот
Почетна » Новости » Занимливости » Доживотна љубов: Прекрасна прослава на брачен пар за 60-годишнината од бракот

Доживотна љубов: Прекрасна прослава на брачен пар за 60-годишнината од бракот

Постои љубов која трае вечно. Емили и Вилијам Линди се вистински пример за тоа.

Среќниот пар овој месец ја прослави 60-годишнината од стапувањето во брак, а нивната внука организираше прекрасна прослава.

Емили и Вилијам, кои стапиле во брак во 1960 година, изгледаат среќно на фотографиите додека позираат во свадбена облека и сечат торта.

Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди

Сакам да ве запознаам со две многу посебни личности за мене - Емилија и Вилијам Линди. Денес, тие ја слават 60-годишнината од бракот, откако се венчаа во 1960 година. Во мојот живот, тие ми беа прекрасен пример.

Оваа година им донесе нови потешкотии. Од компликации со леукемија, до хоспитализација поради деменција, тие секогаш беа таму еден за друг. Си мамеа насмевки со посети преку прозорец и веруваа дека Бог ќе ги води нивните патишта.

Нивната љубовна приказна започна во 1953 година. Само Бог знаеше дека Баба ќе ја запознае љубовта на својот живот при вообичаена посета на локалната продавница. Таа многу добро се сеќава на тој ден.

Тие се немаа видено еден со друг сè до следното лето, кога нивни пријатели ги споија повторно. Оттогаш, нивната љубов цветаше и тие наскоро сфатија дека не можат еден без друг.

Кога ја прашав баба ми што е потребно за бракот да трае, таа ми одговори: ‘Никогаш не сакав да бидам со никој друг’.

Кога дознав дека оваа година е нивната 60-годишнина од бракот, знаев дека морам да направам нешто специјално за да ја доловам љубовта и радоста помеѓу нив.

Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди Емили и Вилијам Линди

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.