• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Девојче со алопеција рекло дека не се сака себеси зашто е ќелаво, постапката на таткото е за почит

20 декември 2017, 13:26
  • cподели

Откако Рајли Силварија, која страда од алопеција, им признала на родителите дека не се чувствува убава поради тоа што нема коса, нејзиниот татко веднаш знаел што треба да направи.

Тој си ја избричи главата, за да ѝ покаже на ќеркичката дека ќелавоста е убава и дека треба да се сака себеси онаква каква што е.

Рајли

Во видео, кое го објави мајката, Рајли со насмевка го гледа татко си Дејв додека тој си ја стрижи косата.

Погледнете го и видеото во кое тажното девојче им кажува на родителите како се чувствува.

Мајката опиша како се стигнало до потстрижувањето: „Со оглед на тоа што ни е годишнина од бракот, ќе споделам една од многуте причини поради кои го сакам мојот сопруг... Се двоумев дали да го споделам ова, но ми го топи срцето... Вчера, се шегував со Рајли и ѝ ги набројував сите кои ги сакам... ‘Ја сакам Рајли, го сакам Гевин, го сакам Грејсон итн’. Рајли ме погледна и ме праша: ‘А се сакаш себеси?’ Веднаш реков: ‘Се разбира дека се сакам, секогаш треба да се сакаш себеси! Ти се сакаш себеси?’ И таа одговори нежно ’не’.... ‘Не се сакам себеси, бидејќи немам коса!’ Кога таа вечер се вративме дома, Дејв сакаше да поразговара со неа за она што таа го рече... ова беше резултатот. Го САКАМ овој маж со целото мое срце.“

Рајли понекогаш носи перика, но мајка ѝ и татко ѝ прават сè што е во нивна моќ за таа да се прифати и сака себеси. „Сакаме да знае дека во ред е понекогаш да се вознемири, но да запомни дека е силна и убава, без оглед на сè“ – изјавиле родителите.

Рајли Рајли Рајли

Рајли има три помали братчиња.

Рајли Рајли Рајли
Tags
алопеција

Најнови

  • Бруклин Бекам празнично ужива со сопругата и нејзините родители откако го блокира своето семејство на Instagram

    Wed, 12/31/2025 - 11:35
  • „Еден ден Каја ќе се гордее со тато. Ова не го правам за признанија, туку...“: Искрено со Борче од „Донирај компјутер“

    Wed, 12/31/2025 - 11:15
  • Мел Гибсон тајно се раздели од 34 години помладата партнерка Росалинд по 9 години врска, заедно имаат едно синче

    Wed, 12/31/2025 - 10:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.