Две докторки од Бугарија се откажаа од хонорарот и бесплатно оперираа неродено бебе
Почетна » Новости » Занимливости » Две докторки од Бугарија се откажаа од хонорарот и бесплатно оперираа неродено бебе

Две докторки од Бугарија се откажаа од хонорарот и бесплатно оперираа неродено бебе

Млади докторки од Бугарија бесплатно оперирале неродено бебе, спасувајќи го неговиот живот. Операцијата била направена за првпат во Бугарија во ноември, а бебето се родило во добра здравствена состојба на 17 декември. Родителите на среќното девојче 10 години се обидувале да добијат дете.

Операција на неродено бебе

Д-р Кристина Чачева и д-р Марина Михова, кои специјализирале во Германија, но работат во Бугарија, одлучиле да го оперираат бебето откако при рутински преглед било установено дека во неговите бели дробови се собира вода и дека нема шанси да преживее. „Решивме дека единствениот начин да му помогнеме е да ја извадиме течноста од плеврите“ – рекла Чачева.

Кристина ЧачеваДоктор Кристина Чачева Кристина ЧачеваДоктор Марина Михова

По 12-часовна интервенција, при која бебето тешко 800-900 грама било под дејство на анестезија, состојбата на плодот значително се подобрила.

Докторките, кои ја извеле операцијата без да бараат ништо од семејството Михајлови, никогаш претходно немале учествувано во ваков зафат. Сега се пионери во неговото изведување во Бугарија. „Такви операции имаме гледано на семинари во странство и јас отсекогаш сум си мислела дека можам да бидам гледач во таков еден филм, но не и директен учесник“ – рекла д-р Михова по операцијата.

„Во Бугарија можеби има едно-две-три такви деца годишно, ако не им помогнеме зашто сакаме пари, ќе бидеме многу патетични“ – рекла Чачева.

Операција на неродено бебе Операција на неродено бебе

Мајката на бебето, Јорданка, и нејзиниот сопруг Атанас им се бескрајно благодарни на докторките. Тие дури и ја крстија својата ќерка Христијана, по главната докторка во операцијата, Кристина Чачева.

МихајловиСемејството Михајлови

„Имавме многу пречки, но сега сме добри. Ја чекавме 10 години. Господ беше со нас. Во Бугарија има доктори кои можат да помогнат“ – рекол благодарниот Атанас.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6136 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.