„Грижете се за себе, за вашите пријатели и за луѓето околу вас“: Денес е Светскиот ден на менталното здравје
Почетна » Новости » Занимливости » „Грижете се за себе, за вашите пријатели и за луѓето околу вас“: Денес е Светскиот ден на менталното здравје

„Грижете се за себе, за вашите пријатели и за луѓето околу вас“: Денес е Светскиот ден на менталното здравје

„Во ред е да не сте во ред“, „Нема потреба да страдате сами во тишина“, „Побарајте помош кога ви е потребна, споделете како се чувствувате“, „Грижете се за себе, за вашите пријатели и за луѓето околу вас“, „Да работиме заедно да ги спречиме самоубиствата“ – ова се само дел од пораките кои денес се шират низ светот за да се одбележи Светскиот ден на менталното здравје.

Ментално здравје

Во 1992 година, на иницијатива на Светската федерација за ментално здравје беше избран 10 октомври како ден за глобална едукација за менталното здравје, подигнување на свеста кај луѓето и за разбивање на стигмата која владее околу менталните болести.

Овогодишната тема е „Превенција на самоубиствата“.

„На секои 40 секунди, некој си го одзема животот со самоубиство“ – известуваат од Светската здравствена организација. Преку видео наменето за просветните работници кое трае 40 секунди, тие повикуваат сите заедно да ја подигнеме свеста за самоубиствата околу светот и за улогата која сите можеме да ја имаме за да помогнеме во неговото спречување.

„Тинејџерските години можат да бидат полни со возбуда, можности и новооткриена слобода. Но, исто така можат да бидат период исполнет со грижи за тестирања, врски и потреба да се биде во чекор со врсниците и со најновите трендови. За некои, овој товар може да стане толку неподнослив, што може да доведе до одземање на животот. Но, самоубиството никогаш не е одговор“ – порачуваат од СЗО.

Видео

Факт е дека во нашата земја менталните болести се табу тема, а дека лицата кои ги имаат се дискриминирани и маргинализирани.

Од Здружението за ментално здравје „Асоцијација Мисла“ апелираат државата повеќе да се ангажира во грижата за менталното здравје на луѓето.

„Во нашата земја постои потреба од разбивање на предрасудите во општеството за лицата со ментални болести. Кај секој поединец одвреме-навреме се поставува дилемата околу изразот ‘ментални болести’ кој често може да предизвика отпор или пак стигма кај луѓето. Па така, размислувајќи за ментални, односно умствени болести, неминовна е констатацијата дека во многу општества темите за менталните болести се табу и во таа смисла, барањето помош и поддршка, зборувањето отворено за овие состојби кај луѓето е многу различно од состојбите или болестите како што се рак, удар, операција или вирус. Никој не е имун, односно секој е засегнат, без разлика на возраста, потеклото, родот, статусот.“

„Многу луѓе кријат дека имаат ментални нарушувања, дека имаат одредена дијагноза од страна на психијатар, се срамат и ја негираат својата состојба. Околината пак има забележителни предрасуди кон овие лица, ги одбегнува, не им дава шанса ниту да се дружат со останатите луѓе, ниту пак да се вработат. Сето тоа создава проблеми во секојдневното живеење на овие лица кои ние сакаме да помогнеме да се надминат.“

„Во нашата земја постои непознавање кај пошироката јавност за проблематиката околу менталното здравје и менталните болести... Дополнителен проблем е и крајно негативното мислење и постоењето на табу за барање на стручна помош од психијатар или психолог“.

„Во интерес на сите е да се инвестира во опоравувањето и превенцијата на менталното здравје преку промоција на нејзинaта важност, едукација за психологијата, справувањето со предизвиците во умот, преку рана детекција на развој на менталните проблеми, како и преку активно решавање на постоечките проблеми“ – велат од „Асоцијација Мисла“.

Видео

Принцот Хари, кој е голем поборник за подигнување на свеста за менталните болести, се здружи со пејачот Ед Ширан и заедно снимија кратко видео кое го врти вниманието на светската јавност кон оваа тема.

Видео

Погледнете и некои од објавите на интернет корисниците:

„Најлошото нешто кога имаш ментална болест е тоа што луѓето очекуваат да се однесуваш како да немаш“ – „Џокерот“ (2019).

Навики кои влијаат позитивно на вашето ментално здравје:

  • Редовна физичка активност
  • Консумирање разновидни овошја и зеленчуци
  • Одење на консултации или на психолог
  • Излегување во природа
  • Давање и примање прегратки
  • Спиењето треба да ви биде приоритет
  • Паузирање од социјалните мрежи
  • Поминување време со животни

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 573 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?