Гламурозна либанска свадба на муслиманка и христијанин за која невестата носеше прекрасна венчаница од Ели Сааб
Почетна » Новости » Занимливости » Гламурозна либанска свадба на муслиманка и христијанин за која невестата носеше прекрасна венчаница од Ели Сааб

Гламурозна либанска свадба на муслиманка и христијанин за која невестата носеше прекрасна венчаница од Ели Сааб

Свадбите во Либан секогаш привлекуваат внимание со гламурот, луксузот и префинетите декорации.

Прославата по повод склучувањето на бракот на модната зависничка и Instagram блогерка Серена Мамлук и нејзиниот сакан Антони Аур привлече големо внимание на социјалните мрежи. Невестата носеше уникатна венчаница од либанскиот дизајнер Ели Сааб, чиј заден дел беше долг 5 метри и доби бројни комплименти за изгледот.

Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур

Свадбеното видео на парот носи силна порака, бидејќи Серена е муслиманка, а Антони е христијанин. Во Либан, како и во останатите муслимански земји, мешаните бракови како овој се вистинска реткост. Поради пречките поставени пред нив, младенците се венчаа на Кипар.

„Најголемата религија која можете да ја имате е ЉУБОВТА“ – пишува Серена во описот на видеото.

„Невеста муслиманка и младоженец христијанин покажуваат почит кон двете религии“ – пишуваат од продукцијата која го создаде видеото.

„Ние научивме да се сакаме еден со друг и да се почитуваме меѓусебно како индивидуи, без разлика на нашата националност, религија или средина“ – рекла невестата, но признала дека нивната врска не била прифатена добро од некои роднини и пријатели, бидејќи се судира со реалноста во Либан денес.

„Ние си верувавме еден со друг од самиот почеток и нашата љубов победи“ – додала Серена.

Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур

Свадбената торта со класичен дизајн беше на 11 ката, а младенците користеа меч за да ја пресечат.

Серена Мамлук и Антони Аур
Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур

И самиот Сааб беше меѓу гостите на свадбата заедно со сопругата Клаудине и синот Селио.

Серена Мамлук и Антони Аур Серена Мамлук и Антони Аур

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 884 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?