„Ги гледам само преку стакло“: Медицинска сестра со тажна фотографија од семејството повикува да седиме дома
Почетна » Новости » Занимливости » „Ги гледам само преку стакло“: Медицинска сестра со тажна фотографија од семејството повикува да седиме дома

„Ги гледам само преку стакло“: Медицинска сестра со тажна фотографија од семејството повикува да седиме дома

Медицинските лица кои се директно изложени на новиот коронавирус сè почесто носат одлука да се изолираат од семејството за да не го изложат на опасност.

Џеј Шорт е медицинска сестра од Велика Британија која го гледа саканиот и нивните три деца само преку стакло неколку минути во денот, за да ги заштити од вирусот. Таа со тажна фотографија од нивна „средба“ апелира луѓето да останат дома за сето ова побрзо да заврши за да може да си го види семејството.

Медицинско лице

Ова е моето семејство – моите 2 сина, мојата ќерка и мојот партнер. Ова е начинот на кој се гледаме сега, преку стакло неколку минути дневно.

Јас сум во првата борбена линија, клучен работник во болницата, а мојата ќеркичка неколкупати имаше воспаление на белите дробови од нејзиното раѓање минатата година досега.

Поради бројот на потврдени случаи и поради колеги кои имаат симптоми, ова е врската која ќе ја имам со моите малечки во следните неколку месеци.

Ова е најтешката одлука која некогаш требало да ја донесам. Не сакам да ги оставам, но тоа сум себичната јас. Срцето ми се крши.

Ја оставам фамилијата и моите мали деца за да можам да одам на работа и да се грижам за другите. Ќе си го ризикувам животот директно соочувајќи се со вирусот, но нема да ризикувам ничиј друг живот.

Затоа, ве молам! Буквално, ве преколнувам! Останете дома! Ве молам следете ги правилата и препораките! Ова не е распуст! Ова убива луѓе! Не чекајте ова да убие некој што го сакате пред да сфатите дека сте можеле да го спречите тоа. Седум вработени во нашата болница починаа од овој вирус.

Барам од вас помош. Сакам да бидам со моите деца, во мојот сопствен дом каде ќе можам да ги бањам, да ги гушкам и да ги бакнувам. Но, не можам да го направам тоа додека не заврши ова, а ова ќе заврши само кога јавноста ќе започне да обрнува внимание на она што се случува во светот.

Мојот живот е наопаку без моите бебиња, но оваа жртва ја правам за доброто на сите! За да ги заштитам луѓето кои ги сакам најмногу и да се грижам за оние кои имаат потреба од тоа.

Медицинско лице Медицинско лице

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6794 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“