Гимнастичарка руши стереотипи за Дауновиот синдром, а сега сигурно чекори во светот на модата
Почетна » Новости » Занимливости » Гимнастичарка руши стереотипи за Дауновиот синдром, а сега сигурно чекори во светот на модата

Гимнастичарка руши стереотипи за Дауновиот синдром, а сега сигурно чекори во светот на модата

Гимнастичарка со Даунов синдром ги руши бариерите поставени пред неа и им докажува на луѓето дека ништо не е невозможно.

Челзи Вернер е родена со Даунов синдром и не можела да оди речиси до 2-годишна возраст. Докторите биле категорични дека таа цел живот ќе има слаба мускулатура и дека ништо не може да се направи за да се промени тоа. Но, инспиративната девојка ги надмина и нивните најголеми очекувања и денес е успешна гимнастичарка.

Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер

„Не дозволувајте никој да ви кажува дека не можете да направите нешто“ – вели таа.

За да ѝ помогнат да си ја зајакне мускулатурата, на 4-годишна возраст родителите ја запишале Челзи на часови по гимнастика. Таа работела напорно и успеала покрај сите пречки. Досега, таа била четирипати шампионка на САД, двапати на Параолипијадата и двапати на Светско првенство.

„Многу сум среќна што ми беше пружена можност да инспирирам други лица да ги следат нивните соништа! Срушив многу бариери во текот на годините, а и вие можете да го направите тоа! Секој се соочува со предизвици во животот, но разликата е како ќе справите со тие предизвици.“

„На врвот на гимнастичкиот свет сум околу десет години. Сè уште уживам во тоа, но не ми е цел свет. Преку гимнастиката ми се отворија многу можности за работа како модел и открив дека таа работа ми се допаѓа“ – вели Челзи.

Челзи чекори во модниот свет веќе три години. Се има појавено на насловната страница на Teen Vogue, има чекорено двапати на пистата за време на Њујоршката модна недела и патува за да снима кампањи за познати модни брендови.

Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер

Нејзиниот пат кон успехот не бил лесен, но таа никогаш не се откажала.

„Мислам дека за сите модели е тешко да се пробијат во модната индустрија. Јас се соочив со многу предизвици во мојот живот, но никогаш не се откажав. Има многу луѓе кои навиваат за мене и имам одличен тим.“

„Јас сум многу позитивна личност и за мене не постојат нешта како ограничувања. Многу сум тврдоглава и трудољубива. Поради начинот на кој моите родители ме воспитуваа, јас се чувствувам добро со себеси.“

„Отсекогаш сум сакала да бидам пред камера. Кога и да има камера или публика пред мене, јас се прикажувам во најдобро светло. Исто така, обожавам да патувам. Мојот прв ангажман како модел беше за H&M и снимавме во Хавана, Куба.“

„Ако можам да му дадам некому надеж, тоа многу би ме усреќило и би ме направило горда“ – вели таа.

Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер Челзи Вернер

Видеа

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 570 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?