Генијални трикови од родители за родители
Почетна » Новости » Занимливости » Генијални трикови од родители за родители

Генијални трикови од родители за родители

Родителството знае да биде најтешката работа на светот, па понекогаш мора да бидеш креативен за да успеаш да врзеш крај со крај со малите палавковци.

Мајки и татковци од сите краеви на светот споделуваат генијални трикови и совети кои ќе му помогнат на секого кој има мало дете.

Наполнете ракавица со ориз и ставете ја на грбот на вашето бебенце додека спие, како замена за вашата рака, за да можете да си дадете себеси пет минути релаксација

Трикови за родители Трикови за родители

Мајчински совет: Кисело млеко + боја за храна = безбедна и јадлива боја за сликање

Трикови за родители

Ако ја внесувате детската количка дома, ставете капи за туширање на тркалата за да не си го извалкате домот.

Трикови за родители

Во автомобилот чувајте си нокшир заедно со неколку пелени. Ако детето треба да изврши нужда за време на вашето патување, кога не можете во близина да пронајдете тоалет, ставете пелена во нокширот, како на фотографијата. Потоа само свиткајте ја и готово.

Трикови за родители

Ја убедив нашата 8-годишна ќерка дека го мразам звукот на правосмукалката, па таа смука со правосмукалката секојпат кога ми е лута мене.

Трикови за родители

Ви треба малку слободно време? Ставете го бебето пред вклучената машина за перење алишта и тоа ќе добие сосем нов свет на забава

Трикови за родители

Запишете ги податоците за детето и залепете ги на детското седиште во автомобилот (неговото име, датумот на раѓање, имињата на родителите, број за итен контакт, медицинска состојба или лекови кои ги прима детето, дури и името на неговиот доктор). Во случај на несреќа кога родителите би биле без свест, овие информации би му биле од голема помош на тимот на брзата помош.

Трикови за родители

Искористив пластична кутија со правоаголна форма и направивме снежни тули за иглу. Моите синови го обожаваа.

Трикови за родители

Иако ѝ велиме на нашата ќерка да не трча наоколу кога сме на паркинг, не значи дека таа нè слуша секогаш. Затоа, го купив овој магнет кој функционира чудесно. Таа обожава да ја става својата рака на ведрите бои додека ме чека и дури и се обидува да ги поклопи своите прсти со оние на магнетот.

Трикови за родители Трикови за родители

Морав да ја споделам оваа идеја. Ставете ракавици за една употреба над зимските плетени ракавици на детето за да спречите да се изводенат и да не им биде студено додека си играат во снегот. Одлично функционира и можете да се забавувате во снегот подолго време

Трикови за родители

Обложете ја пласитката на долниот дел од дубакот со пенеста ролна за пливање за да спречите гребнатинки на ногарките од масите и столовите и болки во вашите глуждови

Трикови за родители

Со самолеплива лента за маскирање направете патеки на тепихот за вашето дете да може да си игра со количињата

Трикови за родители

Моето детенце се занимаваше повеќе од 30 минути играјќи си со овие стикери за стакло додека летавме со авион. Лесни за пакување, забавни за децата и евтини.

Трикови за родители

Мал шатор исполнете го со песок и играчки кое би му било омилено место за играње на вашето дете. Ќе можете да го затворите навечер за да не влегуваат мачки внатре.

Трикови за родители

Како вашето дете на лесен начин да ја научи таблицата множење

Трикови за родители

Како детето да биде безбедно додека правите скара во дворот

Трикови за родители

Побарајте од детето да сортира мали разнобојни топчиња во тава за мафини.

Трикови за родители

Снаодлив татко

Трикови за родители

Немате када? Еве го решението: Мал базен за деца во кабината за туширање. Ќе ви послужи и кога патувате.

Трикови за родители

Кога излегувате, облекувајте ги децата во иста впечатлива боја, за да можете полесно да ги најдете во толпата.

Трикови за родители

Како да ги разликувате вашите близнаци

Трикови за родители

Кога детето не сака јаболка, исечете ги како на фотографијата и преправајте се дека направивте помфрит од јаболка.

Трикови за родители

Кога детето прима лекови, уште во почетокот запишете ги сите планирани дози на шишенцето. Прецртувајте ги деновите како што им ги давате лековите, за никогаш да не заборавите дали сте му го дале лекот навремено.

Трикови за родители

Понекогаш морам да му подметнувам овесна каша кога јаде банана. Тој го јаде истиот залак банана и нов овес цело време.

Трикови за родители

Искористете ја цуцлата од шишенцето како помагало за пиење на лекот.

Трикови за родители

Научете го детето да дрше молив со помош на салфета

Трикови за родители

Дали некој друг ја користи кадата (без вода) како место за играње на детето?

Трикови за родители

Кога детето ти заспие во прегратка, но ти мораш да јадеш...

Трикови за родители

Поставете огледало за шпионирање. Така ќе можете да ги проверувате децата, без постојано да слегувате по скалите.

Трикови за родители

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4940 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.