Вистинска љубов: Маж не можел да биде со сопругата додека примала хемотерапија, смислил одличен начин да ја охрабри
Почетна » Новости » Занимливости » Вистинска љубов: Маж не можел да биде со сопругата додека примала хемотерапија, смислил одличен начин да ја охрабри

Вистинска љубов: Маж не можел да биде со сопругата додека примала хемотерапија, смислил одличен начин да ја охрабри

Велат дека оние кои искрено ве сакаат ќе бидат покрај вас не само во добро, туку и во лошо.

Токму тоа го направил Алберт Конер за својата сопруга Кели, кога таа морала да прима хемотерапија за рак на дојка. Поради рестрикциите наметнати од пандемијата, Алберт не можел да влезе во болница за да биде покрај саканата, но затоа пронашол одличен начин за да ја охрабри.

Откако Кели самата се упатила кон болницата на лекување, грижливиот маж заедно со нивните две деца направиле голем постер на кој пишувало: „Не можам да бидам со тебе, но тука сум. Те сакам. Му благодарам на целиот персонал“.

Потоа, отишол до болницата, се сместил на столче под прозорецот на Кели и пред себе го поставил постерот за таа да може да го види.

Алберт Конер Кели Конер

„Одев заедно со неа на секој преглед и на секој третман, освен на овој. Чувствував дека не е правилно да не бидам дел од ова, бидејќи ѝ ветив дека ќе бидам покрај неа на секој чекор од нејзиниот пат и чувствував како да си го прекршувам дадениот збор“ – рекол тој откако нивната приказна стана хит на интернет.

Алберт Конер

„Се сомневав дека смислил нешто. Постојано зборуваше дека ќе дојде и дека ќе седи во автомобилот. Му реков да не го прави тоа, дека ќе бидам добро. Но, тоа не го направи неговиот гест помалку сладок. Чувствував огромна љубов кон него во тој момент“ – изјавила Кели.

Кели Конер

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 12%
  • 51%
Се испраќа...

(Вкупно: 8184 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.