Вирална фотографија: Професор смирува расплакано бебе за мајката да не го пропушти предавањето
Почетна » Новости » Занимливости » Вирална фотографија: Професор смирува расплакано бебе за мајката да не го пропушти предавањето

Вирална фотографија: Професор смирува расплакано бебе за мајката да не го пропушти предавањето

Професор, кој за време на предавање ја презел улогата на дадилка на мало момче само за мајката да присуствува на предавањето, ја доби почитта на милион луѓе низ светот.

Професор

На фотографијата, која пред неколку дена била поставена на Imgur, се гледа како професорот Сиднеј Енгелберг држи бебе додека им предава на своите студенти. „Една од студентките дојде со своето дете, бидејќи немала дадилка. Детето започна да плаче на сред час, па неговата мајка засрамена стана за да го напушти часот. Професорот ѝ го зеде детето, го смири и продолжи да предава“ – пишува во описот.

Предавањето било одржано во универзитет во Ерусалим, а фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи. Само на Imgur досега има над еден милион прегледувања и стотици позитивни коментари.

„Не можам ни да замислам колку многу ѝ значело тоа на мајката. Да знае дека некој го цени нејзиното образование и ја поддржува толку многу“, „Добро е што тој разбира колку ѝ е тешко да биде студентка и мајка и дека се обидува да се подобри себеси за нејзиниот син“ – ова се само дел од коментарите со кои луѓето го пофалија гестот на Енгелберг.

Професор Професор

Семејството на Сиднеј било пријатно изненадено од популарноста на фотографијата затоа што постапката на 67-годишниот професор не била невообичаена. „Им предава на многу млади мајки и многу од нив имаат бебиња. Тој ги охрабрува да ги носат своите деца на предавањата“ – објаснила ќерката на професорот на Facebook.

„Татко ми обожава деца и е заљубен во бебиња, има пет внуци, па едноставно го зел бебето и продолжил да предава. Тоа е она што јас го нарекувам одлично организирано предавање. Тато, ти си најдобар“ – додала ќерката на Сиднеј.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8884 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.