Вирален текст за депресијата: Жена раскажа колку се важни пријателите во момент на беспомошност
Почетна » Новости » Занимливости » Вирален текст за депресијата: Жена раскажа колку се важни пријателите во момент на беспомошност

Вирален текст за депресијата: Жена раскажа колку се важни пријателите во момент на беспомошност

Жена која страдала од депресија раскажа за специјален момент од нејзиниот живот кога пријателите ѝ помогнале во момент на беспомошност.

По смртта на татко си, Шејла О’Мајли плачела 19 дена, а откако се преселила во ново живеалиште, со месеци не можела да се распакува. Депресијата ја спречувала да извршува и наједноставни задачи.

Таа порачува луѓето да им помагаат на своите пријатели дури и кога тие не го бараат тоа од нив. Еве го нејзиниот текст:

Пријатели

Годината кога почина татко ми беше толку лоша, што не се сеќавам на 90% од неа. Се преселив во нов стан и немав сили да се распакувам. Со МЕСЕЦИ. Се срамев што не можев да се распакувам. Како е можно да не си СПОСОБНА да се распакуваш? Само отвори ги проклетите кутии. Тоа е годината кога плачев 19 дена. По ред.

Мојот добар пријател Дејвид, кого го познавам од средно, знаеше дека минувам низ тежок период и се чувствуваше беспомошно. Ми рече: „Ти си сакана. Ни требаш“. Мојот одговор беше: „Не е важно, но благодарам“. Тој ризикуваше. Сè можеше да заврши многу лошо. Можев да збеснам.

Можев навистина НАВИСТИНА да се навредам. Но, тој ризикуваше. Им испрати порака на група пријатели (без мое знаење), со зборовите: „Шајла минува низ тежок период. Има потреба од помош. Ајде сите заедно да одиме и да го распакуваме нејзиниот стан наместо неа. Донесете храна. Нека биде забавно“.

Дејвид ми испрати порака за да ме праша дали ќе бидам дома во вторник навечер за да намине, на што му одговорив дека ќе бидам. Седев обиколена од 200 нераспакувани кутии.

Во 6 часот пополадне ѕвончето заѕвони и 10 од моите пријатели влетаа внатре, носејќи даски со храна, препарати за чистење и не обрнувајќи внимание на моето протестирање: „Чекајте... НЕ МОЖЕТЕ ДА ВЛЕЗЕТЕ СЀ УШТЕ НЕ СУМ СЕ РАСПАКУВАЛА“. Ме игнорираа и се фрлија на работа.

Ми ги распакуваа кутиите. Ги наредија сите мои 1.500 книги. Ги обесија сликите наместо мене. Ми го организираа плакарот и ми ги наредија сите алишта. Во меѓувреме, некој направи станица за правење тако во кујната. Луѓето донесоа пиво. До крајот на вечерта, станот ми беше наместен.

Пријатели

Буквално не бев способна да ги правам НАЈЕДНОСТАВНИТЕ НЕШТА. И никој не ме осудуваше. Тие беа како суперхерои кои одеднаш се појавуваат.

Пријатели

Бев пресреќна со глетката од сите мои луди пријатели, кои се претворија себеси во работилницата на Дедо Мраз. Во моја корист. Без да ме прашаат. Само се појавија и влетаа внатре. Се срамев околу 10-тина минути, но тие беа многу практични и се однесуваа шефовски, па немав друг избор освен да попуштам.

Советот „Побарај помош“ е добронамерен, но не е вистински корисен. Постои срам, постои наложена беспомошност, постои чувство дека не вредиш итн. Моите пријатели не чекаа да им побарам помош. Се појавија, ја презедоа контролата, не ме прашаа.

Кога сите си заминаа 4 часа подоцна, моето живеалиште заличи на дом. Не само што сè беше расчистено, туку и имаше спомен прикачен за него, групен спомен, пријатели, смеење, мрсни шеги, напорна работа. Ваков тип на пријатели имам јас. Биди ти таков пријател некому.

Да повторам: Овој план можеше да заврши лошо. Лесно можев да се навредам, засегнам или да бидам повредена. Дејвид ризикуваше. Потребна е посветеност за да бидеш нечиј пријател. Желба да го преземеш тој ризик.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5998 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?