Славните го обожаваат Канскиот филмски фестивал не само поради гламурот и богатата филмска програма, туку и поради убавината која ја нуди француската ривиера.
Вечерва армија од славни личности ќе блеснат на црвениот тепих на отворањето на фестивалот, кој оваа година се одржува по 70-ти пат.
Додека чекаме да видиме како ќе изгледаат гостите и кому ќе му припадне честа да ја понесе Златната палма, погледнете колекција од винтиџ фотографии од Канскиот филмски фестивал кои прикажуваат како се забавувале славните во минатото:
Брижит Бардо во 1953 година
Актерот Берт Ланкастер и Клаудија Кардинале позираат со леопард за да го промовираат филмот „The Leopard“ во 1963 година
Софија Лорен во 1954 година
Дејвид Боуви во мај 1978 година
Џон Ленон со својата прва сопруга Синтија Ленон
Брижит Бардо со Пабло Пикасо во 1956 година
Арнолд Шварценегер во 1977 година
Кирк Даглас во 1953 година
