ВИДЕО: Стоби Флипс - прв македонски бренд во вселената
Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Стоби Флипс - прв македонски бренд во вселената

ВИДЕО: Стоби Флипс - прв македонски бренд во вселената

Стоби Флипс оваа година слави 40 години постоење. По повод одбележувањето на овој значаен јубилеј, компанијата „Витаминка“ сними видео со кое е прикажано лансирање на македонскиот бренд во вселената.

„Многу генерации пораснаа со Стоби Флипс, а и ние како компанија растевме и се развиваме паралелно со него. Уште од првото појавување се истакна со квалитет и уникатност, што придонесе веднаш да го освои домашниот пазар. Со одржување на високите стандарди во квалитетот, денес Стоби Флипс не само што е број 1 бренд во Македонија, туку е бренд кој можете да го најдете и во продавница во Мароко, во супермаркет во Квинс или во маркет во Париз. Што значи дека на планетата практично и нема простор каде Стоби Флипс не е присутен, а сега стана и првиот македонски бренд којшто ја освои и вселената. Сега навистина можеме да кажеме дека Стоби Флипс го има насекаде и преостанува во иднина да ги одржуваме високите стандарди за квалитетот на овој производ што самите ги поставивме“ - изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

ВИДЕО

Стоби Флипс за првпат е произведен во мај 1978 година, како првата вкусна крцкава ужинка, наменета за сите генерации. Витаминка има произведено неколку милијарди кесички Стоби флипс и секоја од нив го има истиот неодолив вкус на кикирики. Од компанијата постојано го унапредуваат производот, но никогаш во насока да се промени вкусот, туку во насока на подобрување на квалитетот.

Стоби Флипс

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8605 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.