ВИДЕО: Принцот Хари и Меган Маркл отворено зборуваа за предлогот за брак, првиот состанок и значењето на прстенот
Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Принцот Хари и Меган Маркл отворено зборуваа за предлогот за брак, првиот состанок и значењето на прстенот

ВИДЕО: Принцот Хари и Меган Маркл отворено зборуваа за предлогот за брак, првиот состанок и значењето на прстенот

Една од главните забавни теми во светот денес беше свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл.

Откако за првпат позираше пред фоторепортерите по објавувањето на веридбата, заљубениот пар го опиша моментот на запросувањето во првото заедничко интервју.

33-годишниот принц и 36-годишната актерка открија дека специјалниот момент се случил додека печеле пиле за вечера во нивниот иден дом Nottingham Cottage во Кенсингтонската палата во Лондон.

Романтичниот принц клекнал на едно колено, а пресреќната идна невеста не ни дочекала да заврши со предлагањето и веднаш одговорила „ДА!“. „Беше прекрасно изненадување. Слатко, природно и многу романтично“ – се зборовите со кои Меган го опиша моментот.

„Беше навистина убав момент – бевме само ние двајцата. Мислам дека ја изненадив“ – рече Хари.

ВИДЕО:

„Се заљубив во Меган неверојатно брзо. Сите ѕвезди беа подредени, сè беше совршено. Оваа прекрасна жена едноставно се сопна и падна во мојот живот, а јас паднав во нејзиниот“ – вели Хари.

Во интервјуто, Меган и Хари откриваат и дека се запознаа пред година и половина, преку заедничка пријателка. По само два состаноци, тие отишле на одмор во Африка, каде кампувале под ѕвездите и инстантно се поврзале.

Принцот Хари и Меган Маркл

Вереничкиот прстен го дизајнирал самиот Хари, кој вклучил мали дијаманти од личната колекција на неговата мајка, принцезата Дијана, за и таа да биде дел од ова ново среќно и лудо поглавје во нивните животи.

Централниот камен доаѓа од Боцвана, местото каде Хари и Меган отпатувале заедно по вториот состанок, односно откако сфатиле дека има силна хемија помеѓу нив.

Принцот Хари и Меган Маркл

Кога се спомнаа дечиња и основање на семејство, Хари изјави: „Моментално не. Чекор по чекор. Се надеваме дека ќе основаме семејство во блиска иднина“.

Погледнете го целосното интервју:

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.