ВИДЕО: Погрешно осуден минал 37 години во затвор, сега го одушевува светот во „America's Got Talent“
Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Погрешно осуден минал 37 години во затвор, сега го одушевува светот во „America's Got Talent“

ВИДЕО: Погрешно осуден минал 37 години во затвор, сега го одушевува светот во „America's Got Talent“

Приказната на Арчи Вилијамс ја трогна публиката на „America's Got Talent“, а неговата изведба го обиколува светот.

Вилијамс лежел речиси 37 години во затвор за силување и обид за убиство кои не ги извршил.

Арчи

На 22-годишна возраст бил уапсен за силување и напад со нож на 30-годишна жена. „Не можев да поверувам што се случуваше. Знаев дека сум невин. Но, бев сиромашно црно дете и економски не бев способен да се борам со државата Луизијана. На судењето, ниту еден од отпечатоците не се совпаѓаше со моите. Тројца луѓе сведочеа дека бев дома, но тие сакаа некој да плати“ – раскажа тој.

Организацијата Innocence Project минатата година докажа дека Вилијамс е невин и тој беше пуштен на слобода.

„Отидов во затвор, но не дозволив мојот ум да оди во затвор“ - вели тој низ солзи.

Во шоуто, инспиративниот маж ја отпеа „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ и го фасцинира жирито, а и Елтон Џон не остана рамнодушен.

Видео

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3428 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.