ВИДЕО: Моментот кога жена-херој си го ризикуваше животот за да спаси изгорена и повредена коала од шумски пожар
Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Моментот кога жена-херој си го ризикуваше животот за да спаси изгорена и повредена коала од шумски пожар

ВИДЕО: Моментот кога жена-херој си го ризикуваше животот за да спаси изгорена и повредена коала од шумски пожар

Жена-херој спаси коала од опожарена шума во Австралија, а видеото од хуманото дело насолзи милиони очи низ светот.

Коалата, која горела и имала сериозни повреди по телото, плачела и врескала од болка додека се обидувала да се спаси од пожарот, качувајќи се на дрво.

Добродушната жена по име Тони без многу размислување ја соблекла својата кошула и истрчала кон коалата, водејќи ја далеку од пламените јазици. Откако коалата била на безбедно, таа ѝ дала да пие вода, а потоа ѝ го разладила телото, спасувајќи ја од сигурна смрт.

Повреденото животно го добило името Луис, по еден од внуците на Тони.

Видео

„Глетката додека излегуваше од пламените јазици беше ужасна, изгледаше толку беспомошно додека трчаше по патот. Додека трчав кон дрвото, знаев дека морам да го завиткам со нешто, па ја соблеков кошулата и го покрив со неа. Само се обидував да го оддалечам од пожарот, бидејќи беше многу жешко и страшно“ – рекла Тони.

Коала Коала

„Беше изгорен. Кога се приближуваше кон дрвото гореше оддолу, на неговите задни нозе. Никогаш претходно немав слушнато коала. Не знаев дека тие можат да плачат. Беше срцепарателно и знаев дека морам да го тргнам оттаму колку што е можно побрзо. Бев многу среќна што имав со што да го завиткам и да го оттргнам од опасноста“ – изјавила таа и се пошегувала дека ѝ било мило што носела добар градник.

Коала Коала Коала Коала Коала Коала Коала

И покрај тоа што Луис е на безбедно и добива постојана нега, поради сериозноста на повредите, сè уште не може да се каже сигурно дали тој ќе преживее.

„Патот до закрепнувањето е долг. Вчера јадеше лисја. Сега е во домот на лице кое ќе му пружи постојана нега“ – вели Тони.

Животот на Луис е сè уште во опасност. Двете негови стапала се целосно изгорени и има изгореници на градите и стомакот. „Тој е преврзан и му се дадени антибиотици, но ќе му биде потребна голема нега ако преживее“ – велат од болницата која го лекувала по спасувањето.

Видео

Ако преживее, Луис ќе биде меѓу коалите среќници. Стотици коали го изгубија животот како последица на пожарите во Австралија. Се проценува дека нивниот број е над 350.

Досега се собрани донации од милион долари за помош на повредените коали.

Коала Коала Коала Коала Коала Коала Коала Коала Коала Коала

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?