Вива со меѓународна награда од Disney за Frozen и Avengers - познатите сокови за деца
Почетна » Новости » Занимливости » Вива со меѓународна награда од Disney за Frozen и Avengers - познатите сокови за деца

Вива со меѓународна награда од Disney за Frozen и Avengers - познатите сокови за деца

Вива ја доби престижната награда „The Licensed product of the Year award – 2016“ што ја доделува Disney, за производ на годината, согласно високиот квалитет и уникатноста на природните сокови за деца со ликовите на Frozen и Avengers.

Viva

„Оваа награда ни преставува огромна чест и големо задоволство затоа што е добиена како резултат на макотрпна работа и постојано вложување во квалитетот и производството на нашите сокови што ги застапуваат и презентираат официјалните брендови на Disney и Marvel. Наградата е дополнителен стимул за нашето понатамошно вложување, развивање на нови високо-квалитетни производи и секогаш да го понудиме најдоброто за нашите потрошувачи.“, изјави Тања Атанасова, маркетинг-директор на Вива.

Viva

Македонската компанија Вивакс, како најголем производител на природни овошни сокови, нектари и пијалоци, наградата ја доби на Disney Day, големиот меѓународен настан што се одржа во Србија каде присуствуваа сите соработници на Disney од земјите во Европа. Во голема меѓународна конкуренција, специјално дизајниранираните сокови Frozen - природен 100% јаболко сок и Avengers - природен сок од портокал нектар збогатен со витамин Ц и калциум го донеоа ова признание за Вива, што го добиваат само компании кои ги исполнуваат и задоволуваат сите услови и стандарди кои се пропишани и поставени од Disney и Marvel.

Viva

Вивакс е првата компанија на Балканот која започна соработка со Disney и Marvel за производство на природни сокови наменети за деца. Вива Disney соковите се застапени на следните пазари: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3905 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.