Вака изгледа депресијата: Мајка со фотографија од куп садови испраќа моќна порака за депресијата
Почетна » Новости » Занимливости » Вака изгледа депресијата: Мајка со фотографија од куп садови испраќа моќна порака за депресијата

Вака изгледа депресијата: Мајка со фотографија од куп садови испраќа моќна порака за депресијата

Депресијата има скриени знаци, симптоми кои многумина не можат да ги препознаат, а уште помалку да се помират дека им е потребна помош.

Мајка со фотографија од куп садови и моќна порака се обидува да долови како изгледа вистинската страна на депресијата и да покаже дека е во ред да посегнеш по помош кога чувствуваш дека депресијата те влече во дупка.

Британи Ернспергер потенцира: Депресијата е нешто за кое „силните“ луѓе не зборуваат, бидејќи не сакаат другите да мислат дека се „слаби“.

Садови

Прочитајте го нејзиниот пост:

Вака изгледа депресијата.

Не, не чистите садови. Туку тоа што има толку многу садови на едно место кои ги немав измиено 2 недели.

Пред три дена седев на подот во кујната и зјапав во нив додека плачев. Знаев дека треба да се измијат. Толку многу сакав да ги измијам. Но, депресијата ме повлече надолу. Ме вовлече, како црна дупка. Брзо, како да тонам во жива песок.

Поминував покрај нив наутро, навечер и по цел ден. И само ги погледнував. Велејќи си себеси дека можам да ги измијам. Дека ќе ги измијам. И се чувствував поразена секој ден кога немаше да го направам тоа. Тоа ми ја влошуваше депресијата бидејќи неуспех е да не постигнеш нешто кое треба да се направи.

Безвредна. Неуспешна. Неспособна. Глупава. Мрзлива. Сите тие нешта кои минуваат низ главата на личност со депресија. По цел ден.

Фрлете анксиозност над сето тоа. Да се плашиш дека сопругот ќе те остави бидејќи си мрзелива. Да се плашиш да пуштиш луѓе во твојот дом бидејќи ќе мислат дека си гнасна. Да се чувствуваш дека ги разочаруваш своите деца зашто трета вечер со ред немаш чисти садови за готвење... па повторно пица за вечера.

И најлошиот дел од тоа, не се само садовите. Перењето на облеката, чистењето, облекувањето себеси, туширањето, облекувањето на децата, миењето на твоите и забите на децата, нормални секојдневни задачи. Сè станува кошмар. Многу тешка задача, која некои денови не се ни извршува.

Депресијата е нешто за кое „силните“ луѓе не зборуваат, бидејќи не сакаат другите да мислат дека се „слаби“.

Вие не сте слаби. Вие бевте силни доволно долго време и минавте низ толку многу нешта, што на вашето тело му треба одмор.

Не ми е гајле дали единственото нешто што ќе направите денес е да си ставите дезодоранс. Се гордеам со вас за тоа. Браво. Јас сум на ваша страна.

Не барам сочувство, ни во најмала мера. Но сакам сите да знаат дека јас сум тука за тебе. Јас те разбирам. Ако ти треба некого со кого сакаш да разговараш, секогаш ќе бидам тука за да помогнам.

Британи доби огромна поддршка од интернет корисниците и инспирира многумина да ја споделат својата приказна. Голем дел од лицата коментираат дека пораката на Британи најдобро ја опишува депресијата.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 8537 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.