Британскиот принц Едвард пристигна во Скопје, се сретна со Пендаровски, Заев и Шекеринска
Почетна » Новости » Занимливости » Британскиот принц Едвард пристигна во Скопје, се сретна со Пендаровски, Заев и Шекеринска

Британскиот принц Едвард пристигна во Скопје, се сретна со Пендаровски, Заев и Шекеринска

Британскиот принц Едвард е во официјална посета на Северна Македонија.

На скопскиот аеродром, 55-годишниот син на кралицата Елизабета беше пречекан од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Високите гости како Принц Едвард, најмладиот син на британската кралица Елизабета се уште една потврда дека Република Северна Македонија се движи во добар правец“ – напиша Шекеринска.

Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица присуствуваа на пригодната вечера што беше организирана во чест на принцот Едвард.

„Голема чест и задоволство е што го Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс дојде во посета на Република Северна Македонија. Долгогодишната соработка што ја негуваме со Велика Британија преку Чивнинг програмата, е отскочен мост за сегашни, идни и потенцијални лидери и влијателни лица од нашата земја. На заедничката вечера, Принцот Едвард изрази согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси“ – напиша Заев.

Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија

Во своето обраќање, Едвард се заблагодари за топлиот прием во земјата за време на неговата втора посета.

Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски го пречека принцот Едвард во Вила Водно. Тие разговараа за приоритетите во работењето на Пендаровски, приближувањето на нашата држава кон НАТО и ЕУ, обезбедување севкупен развој на земјата и подобри перспективи за младите.

Британскиот принц Едвард во Македонија Британскиот принц Едвард во Македонија

Ова е втора посета на принцот Едвард на нашата земја. Тој претходно ни беше гостин во 2006 година, кога ги отвори новите простории на Британската амбасада.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?