• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Браво! Учителка од Струмица ги претвори клупите во возила за учениците на забавен начин да одржуваат дистанца

9 октомври 2020, 09:10
  • cподели

Билјана Гунова со своите дела покажува дека е навистина посветена на својата работа. Учителката од Струмица ги претвори школските клупи во возила за да им го направи на децата забавен престојот во училиште, истовремено чувајќи ги безбедни.

Наставничката од основното училиште „Никола Вапцаров“ од картон изработи возила. Идејата е за време на часовите секое дете да седи во своето возило и на тој начин да го одржува препорачаното растојание.

Училница

„Гледав на интернет нешто слично направено во едно училиште во Америка, а бидејќи сакам такви интересни и необични работи решив да се потрудам и да осмислам нешто мое. Така дојдов на идеја да направам возен парк. Работевме три дена со неколку мајки. Ниту децата, ниту пак вработените во училиштето немаа појма што се случува. Во меѓувреме спремив поклончиња со маски, визири со ликови од цртаните, гелови за дезинфекција итн... и кога дојдоа на училиште беа многу изненадени од сè. Целта ми беше да им биде забавно, но и секое возило да претставува растојание меѓу нив, да знаат дека тој простор е нивен“ – изјави Билјана за Femina.mk

Училница Училница

Малите ученици несомнено ја обожаваат оваа идеја.

Гунова подготви и поклончиња за секој од своите ученици. Подароците се состоеле од визири со ликови од цртаните филмови, маски и гелови за дезинфекција. Училница Училница Училница Училница Училница

На првиот училиштен ден, Билјана повика доктор кој им одржа предавање на децата за коронавирусот.

Училница Училница Училница Училница
Tags
учителка

Најнови

  • Irina Atanaskova, позната како Ina Nameless

    Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

    Fri, 12/19/2025 - 14:30
  • dm Secret Santa

    За сите оние кои имаат сѐ, оние кои не сакаат ништо и оние кои треба посебно да ги израдуваме: идеи кои го спасуваат секое празнично купување на подароци

    Fri, 12/19/2025 - 13:25
  • Сања Савеска од „Брза кујна“ атрактивна во вечерни фустани во празнична фотосесија

    Fri, 12/19/2025 - 13:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.