Босанец направи ротирачка куќа за да ја усреќи сопругата која сакала да избира каков поглед ќе има
Почетна » Новости » Занимливости » Босанец направи ротирачка куќа за да ја усреќи сопругата која сакала да избира каков поглед ќе има

Босанец направи ротирачка куќа за да ја усреќи сопругата која сакала да избира каков поглед ќе има

Маж од Босна и Херцеговина изгради куќа која ротира 360 степени за да ја усреќи сопругата.

Војин Кусиќ од Србац го израдил семејниот дом на тркала и сега неговата животна сопатничка може да избира каков поглед од прозорецот ќе има секој ден.

72-годишниот Босанец сам ја направил куќата, а вели дека за тоа му биле потребни шест години.

„Кога достигнав одредена возраст и откако децата го презедоа семејниот бизнис, конечно имав време да си дадам себеси за задача да ѝ ја исполнам големата желба на жена ми“ – вели Војин.

Куќата на Војин Кусиќ

Првата куќа во која живееле со сопругата Љубица, тој ја направил со таков распоред за таа да може да го гледа изгрејсонцето од спалната соба. Но, тоа значело дневната соба да биде спротивнo од главниот пат, па по неколку години, Љубица запонала да се жали дека не може да гледа кој им влегува во дворот.

Поради тоа, Војин морал да ремоделира сè во куќата. „Морав да рушам ѕид помеѓу двете спални соби за да ги претворам во дневна соба и да ги преместам сите електрични инсталации. Тоа беше многу тешка задача и бараше многу од мене, но го направив тоа што го сакаше“ – изјавил Кусиќ.

Куќата на Војин Кусиќ

Години подоцна, тој дошол до оваа идеја. „Куќата може да направи целосен круг за 24 часа со најмала брзина, додека со најбрза ротација може да направи целосен круг за 22 секунди“ - вели Кусиќ.

Куќата на Војин Кусиќ

Во текот на градењето, Војин доживеал срцев удар и подолг период порестојувал во болница.

„Ги замолив лекарите да се обидат да ми го продолжат животот барем за една година, бидејќи целиот проект е во мојата глава, никој нема да знае како да го заврши“ – изјавил тој.

Анкета

Анкета
Дали се согласувате со одлуката наставата да започне со физичко присуство?
  • 75%
  • 25%
Се испраќа...

(Вкупно: 4023 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.