Божиќно видео за осамен Снешко ќе ве натера да ги цените скапоцените празнични моменти
Почетна » Новости » Занимливости » Божиќно видео за осамен Снешко ќе ве натера да ги цените скапоцените празнични моменти

Божиќно видео за осамен Снешко ќе ве натера да ги цените скапоцените празнични моменти

Додека милиони лица низ светот со нетрпение ја очекуваат божиќната реклама на компанијата „John Lewis“, која секоја година ни ги насолзува очите, еден студент одлучи да сподели своја верзија онлајн. Видеото стана хит и многумина бараат компанијата да му понуди работа на лицето кое стои зад рекламата.

Студентот Ник Џаблонка го создал празничното видео за само две недели, како надополнување на свој есеј за успехот на празничните кампањи на „John Lewis“, без намера да стане популарно.

Приказната е за осамен Снешко, кој сонува да го помине Божиќ надвор од снежната топка со својата сакана, а потоа ја замислува таа желба пред божиќна ѕвезда, која му ја исполнува.

„Сакав да комбинирам љубовна приказна со идејата дека треба да ги цениме скапоцените празнични моменти“ – објасни Ник.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8692 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.