Блогерка за секунди си го менува изгледот на телото преку апликација и порачува: Социјалните мрежи не се реалност
Почетна » Новости » Занимливости » Блогерка за секунди си го менува изгледот на телото преку апликација и порачува: Социјалните мрежи не се реалност

Блогерка за секунди си го менува изгледот на телото преку апликација и порачува: Социјалните мрежи не се реалност

Блогерка објавува видеа на кои за помалку од минута си го менува изгледот на телото со апликација, порачувајќи ни да не се споредуваме со она што го гледаме на социјалните мрежи, бидејќи тоа не е реално.

Џеси Џин само за секунди може да направи нејзината половина да изгледа потенко, да има стомачни мускули, градите да ѝ бидат поголеми, да биде повисока и слично. Нејзината цел е да им помогне на луѓето да сфатат дека она што го гледаат на социјалните мрежи не ја прикажува реалната слика и дека најголем дел од луѓето ги обработуваат фотографиите пред да ги објават.

„Пред да започнете да се споредувате себеси со другите, запомнете дека има апликации кои можат да лажираат мускули, да ви ја стеснат половината, да ви ги зголемат градите, да ги дадат стомачни мускули, да ве направат повисоки. И тоа за само 30 секунди. Она со кое се споредувате себеси најверојатно не е ниту реално“ – пишува таа на видео на кое го менува нејзиното тело и телото на нејзиниот партнер.

До мажите, жените, младите момчиња и девојчиња кои постојано се споредуваат себеси со она што го гледаат онлајн: Се надевам дека знаете дека постојат ваков тип на апликации и дека тие се превземани и користени секојдневно од МИЛИОНИ луѓе.

А борбата со прифаќањето на телото не е ексклузивна само за жените и девојките. Младите момчиња и мажите исто така молчаливо страдаат под тежината на невозможните идеали.

Овие апликации се толку ефективни што не можеме да направиме разлика што е реално, а што не е.

И покрај тоа, сме заробени во споредби и се чувствуваме несигурно поради тоа што не изгледаме како она што го гледаме онлајн.

Реалноста е дека и ти можеш да го измениш твоето тело во видео снимано во реално време. И не само што можеш да ги редактираш видеата и комплетно да си го промениш телото, туку сега постојат и модели направени преку CGI (компјутерски генерирана слика) кои имаат нивни Instagram профили, како и личности со милиони следбеници, а големите брендови како Келвин Клајн ги ангажираат како модели, а тие не се ни вистински луѓе!!!

Еве ви одличен тест што е реално, а што не е:

Одјавете се од социјалните мрежи.

Најавете се во ЖИВОТОТ.

И запрашајте се: „Дали некој изгледа исто како што го гледам онлајн?“

Во 99,99999% од случаите вашиот одговор на тоа прашање ќе биде НЕ.

Ви ветувам.

Џеси во минатото била престрога кон себе и имала низок процент на масти на телото. Поради тоа, имала нередовна менструација, проблеми со хормоните, опаѓање на косата и проблеми со спиењето. Сега таа им порачува на сите да не влегуваат во таа замка и да престанат да се споредуваат со личностите од „совршените“ Instagram фотографии.

Социјалните мрежи целосно ни ја извртуваат перцепцијата за реалноста. И јас искрено сум вознемирена колку е лесно тоа. Ми требаа помалку од 30 секунди за целосно да си го променам телото.

Ако имате проблем да го прифатите изгледот на вашето тело, запомнете дека социјалните мрежи се најдалеку од реалноста. И не нè залажуваат оние големи забележливи промени со Фотошоп, туку овие мали подли промени на телото кои прават да не се чувствуваме доволно добри.

Ние сме многу повеќе од нашето тело и овие токсични споредби мора да престанат. Буквално се споредуваме со нешто што не е реално во половина од времето.

Знам дека не е лесно.

Ве сакам.

Верувам во вас!

Го можеме ова!

Џеси Џин
Џеси Џин Џеси Џин Џеси Џин Џеси Џин Џеси Џин

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9807 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.