БиМилк го прослави Светскиот ден на млекото со децата од Домот за доенчиња и мали деца од Битола
Почетна » Новости » Занимливости » БиМилк го прослави Светскиот ден на млекото со децата од Домот за доенчиња и мали деца од Битола

БиМилк го прослави Светскиот ден на млекото со децата од Домот за доенчиња и мали деца од Битола

По повод одбележувањето на Светскиот ден на млекото, 1 јуни, БиМилк донираше свои производи во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Станува збор за донација на млеко, која ќе задоволи потреби на Домот од најмалку една недела.

Денес е Светскиот ден на млекото

„Целта на оваа донација е да се одбележи денот на млекото на тој начин што ќе се искористат млечните производи за да се даде помош таму каде што е потребно. Млекото игра важна улога во здравиот развој на децата, нивните коски, заби и сл. Земајќи предвид колкава грижа и внимание Домот посветува на правилното развивање и растење на децата кои се таму, дојдовме до заклучок дека тоа е вистинското место за нашата донација.“ – изјави директорот на Битолска Млекара, Роко Водопија.

Домот за доенчиња и мали деца во Битола е установа од социјален тип во која се згрижуваат деца, односно доенчиња и мали деца кои останале без родителска грижа од различни причини. Доенчињата престојуваат во оваа установа до нивниот 3-ти месец заради интензивно следење на нивната физичка и здравствена состојба, како и нивниот психоторен развој. На овој начин им се овозможува на оние кои се одлучиле да станат родители на некое од децата, да посвојат здраво дете.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 65%
  • 35%
Се испраќа...

(Вкупно: 6809 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“