„Биди дама, велат“: Видео со силна порака за притисоците врз жените стана хит
Почетна » Новости » Занимливости » „Биди дама, велат“: Видео со силна порака за притисоците врз жените стана хит

„Биди дама, велат“: Видео со силна порака за притисоците врз жените стана хит

Жените константно се под интензивни притисоци од општеството, од нереалните очекувања, закоравените стереотипи и предрасудите. Видео со силна порака за секоја од нас стана интернет хит.

Синтија Никсон, кај нас позната по улогата на Миранда во „Сексот и градот“, рецитира популарен текст за жените напишан пред три години.

Авторка на остроумниот текст „Be A Lady, They Said“ е Камил Рејнвил, а сега истиот е дополнет од визуелен аспект за Girls. Girls. Girls. Magazine.

Видео

Биди дама, велат. Здолништето ти е прекратко. Кошулата ти е премногу раскопчана. Панталоните ти се претесни. Не покажувај толку многу кожа. Не ги покажувај бутовите. Не ги покажувај градите. Не го разголувај струкот. Не покажувај деколте. Не ја покажувај долната облека. Не ги разголувај рамената. Покриј се. Препушти нешто на фантазијата. Облекувај се скромно. Не искушувај. Мажите не можат да се контролираат. Мажите имаат потреби.

Изгледаш старомодно. Опушти се. Покажи малку кожа. Изгледај секси. Изгледај жешко. Не биди толку провокативна. Си го бараш. Носи црно. Носи штикли. Премногу си дотерана. Премногу си опуштено облечена. Не ги носи тие тренерки, изгледаш како да си се запуштила.

Биди дама, велат. Не биди премногу дебела. Не биди премногу слаба. Не биди премногу голема. Не биди премногу мала. Јади. Ослаби. Престани да јадеш толку многу. Не јади пребрзо. Нарачај си салата. Не јади јаглехидрати. Прескокни го десертот. Треба да ослабиш. Собери се во тој фустан. Биди на диета. Пази што јадеш. Јади целер. Џвакај мастика. Пиј многу вода. Мораш да се вовлечеш во тие фармерки. Господе, личиш како костур. Зошто не јадеш? Изгледаш неухрането. Изгледаш болно. Јади бургер. Мажите сакаат жени со малку месо на коските. Биди мала. Биди лесна. Биди малечка. Биди ситна. Биди женствена. Биди големина 0. Биди големина двојна нула. Биди ништо. Биди помалку од ништо.

Биди дама, велат. Отстрани ги влакната од телото. Избричи ги пазувите. Избричи ја бикини линијата. Издепилирај го лицето. Издепилирај ги рацете. Издепилирај ги веѓите. Отстрани ги мустаќите. Избели го ова. Избели го она. Осветли си ја кожата. Потемни си ја кожата. Ослободи се од лузните. Покриј ги стриите. Зацврсти си ги стомачните мускули. Зголеми ги усните. Стави ботокс за брчките. Затегни го лицето. Затегни го стомакот. Ослаби ги бутовите. Тонирај ги листовите на нозете. Подигни ги градите. Изгледај природно. Биди себеси. Биди автентична. Биди самоуверена. Премногу се трудиш. Си претерала. Мажите не сакаат жени кои претеруваат.

Биди дама, велат. Шминкај се. Стави подлога. Покриј ги флеките. Контурирај го носот. Истакни ги јаболкниците. Исцртај ги капаците. Пополни ги веѓите. Издолжи ги трепките. Обој ги усните. Пудра, руменило, бронзер, хајлајтер. Косата ти е прекратка. Косата ти е предолга. Врвовите ти се расцветани. Корените ти се познаваат. Исфарбај се. Не сина, тоа не изгледа природно. Ти обелува косата. Изгледаш многу старо. Изгледај младо. Изгледај младешки. Изгледај безвременски. Немој да старееш. Жените не стареат. Старото е грдо. Мажите не сакаат грдо.

Биди дама, велат. Спаси се. Биди чиста. Биди девица. Не зборувај за секс. Не флертувај. Ни биди промискуитетна. Не биди курва. Не спиј со секој со кого ќе стигнеш. Не губи го своето достоинство. Немој да имаш секс со премногу мажи. Не се давај лесно. Мажите не сакаат курви. Не биди толку стегната. Забавувај се малку. Смеј се повеќе. Задоволувај ги мажите. Биди искусна. Биди сексуална. Биди невина. Биди „валкана“. Биди девствена. Биди секси. Биди кул девојка. Не биди како другите девојки.

Биди дама, велат. Не зборувај прегласно. Не зборувај премногу. Не заземај многу место. Не седи така. Не стои така. Не делувај застрашувачки. Зошто си толку намќора? Не биди кучка. Не биди толку шефовски настроена. Не реагирај премногу драматично. Не биди толку емотивна. Не плачи. Не викај. Не пцуј. Биди пасивна. Биди послушна. Трпи ја болката. Удоволувај. Не се жали. Попушти му. Напумпај му го егото. Направи да се заљуби во тебе. Мажите го сакаат она што не можат да го имаат. Не се давај лесно. Нека се помачи за тебе. Мажите сакаат да бркаат. Здипли му ги алиштата. Зготви му вечера. Усреќувај го. Тоа е женска работа. Еден ден ќе бидеш добра сопруга. Земи го неговото презиме. Го додаде неговото презиме на твоето? Луда феминистка. Роди му деца. Не сакаш деца? Еден ден ќе сакаш. Ќе се премислиш.

Биди дама, велат. Не дозволувај да те силуваат. Заштити се себеси. Не пиј многу. Не шетај сама. Не излегувај до доцна. Не се облекувај така. Не покажувај многу. Не се пијани. Не го оставај пијалакот далеку од поглед. Секогаш имај свој придружник. Движи се каде што е добро осветлено. Движи се низ безбедни населби. Кажувај му на некого каде одиш. Носи солзавец. Носи свирче за во случај на силување. Држи ги клучевите како оружје. Оди на часови за самоодбрана. Заклучи ги вратите. Не излегувај сама. Не пресретнувај погледи. Не трепкај заводливо. Не изгледај лесно. Не привлекувај внимание. Не работи до доцна. Не кажувај „валкани“ вицови. Немој да им се насмевнуваш на непознати. Не излегувај навечер сама. Не верувај никому. Не вели ДА. Не вели НЕ.

Едноставно „биди дама“, велат.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3599 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?