Бескрајната љубов на татковците кон своите ќерки низ слики
Почетна » Новости » Занимливости » Бескрајната љубов на татковците кон своите ќерки низ слики

Бескрајната љубов на татковците кон своите ќерки низ слики

Таткото е незаменлива фигура во животот на секоја жена.

Млада девојка ја раскажува специјалната врска која ја има со татко си преку креативни слики од реални ситуации. Своите дела Снежана Суш ги објавува на својот профил на Instagram, а на секоја од нив пишува краток опис од перспектива на татко си.

Погледнете ги сликите на Суш од кои извира нежност, внимателност и грижливост.

Татковците секогаш се подготвени да ве заштитат, од сè и од секого.

Снежана Суш„Спиј, малечко мое. Тато е тука. Чудовиштата под креветот не можат да те повредат.“

Тоа е мисија без крај.

Снежана СушПонекогаш таа заспива, држејќи ја мојата рака, па јас не ја мрдам. Во тие ноќи грбот ме боли, но срцето ми цути.

Кога си со твојот татко, секогаш се чувствуваш како да си на врвот на светот.

Снежана СушЧекориме високо над светот.

Тој е топол и удобен, можеби најудобното место за спиење.

Снежана СушПопладневна дремка.

Големиот тато лесно може да се смали за тебе.

Снежана СушКреветот е џиновски. Но, вака изгледам и се чувствувам кога моето дете ќе дојде да спие покрај мене.

Тој ќе го направи и невозможното за тебе, на пример ќе научи да прави плетенка.

Снежана СушТаткина ќерка. Ја ценам силата само кога е покажана преку нежност и грижа.

Секогаш е подготвен да се забавува со тебе.

Снежана СушЍ кажав дека нема да успее... Но, таа ми рече: Те молам тато! Малото бумбарче уште се кикоти.

Тој точно знае што сакаш.

Снежана СушТаа обожава да игра детектив. Јас... јас се плашам од бубачки.

Тој знае колку се важни детските игри за тебе.

Снежана СушНевиноста е толку драгоцен, лесно кршлив и моќен подарок за душата од раѓањето. Тој лесно се губи и е речиси невозможно да се врати повторно. Чувај го – во твојата душа, но пред сè, во душата на твоето дете.

...И не се плаши да ти ги даде.

Снежана СушТаа обожава куклен театар.

Има трпение да те научи буквално на сè.

Снежана СушХм...

Ти помага да се справиш со тешките ситуации.

Снежана СушСериозно си го сфаќам денот за капење.

Обврските нема да го спречат да помине време со тебе.

Снежана Суш„Време е за чај тато“. Колку и да сум зафатен, секогаш можам да уживам во една шолја магичен чај со виножито.

Затоа е толку тешко да се одделиш од него.

Снежана СушТаа не може да поднесе кога заминувам на деловни патувања... И јас не поднесувам.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6268 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.