Балерина одушевува со грациозни движења и во деветтиот месец од бременоста
Почетна » Новости » Занимливости » Балерина одушевува со грациозни движења и во деветтиот месец од бременоста

Балерина одушевува со грациозни движења и во деветтиот месец од бременоста

Мери Хелен Бауерс одушевува со своите грациозни движења и во деветтиот месец од бременоста. 33-годишната балерина ја документирала својата бременост со прекрасни фотографии поради кои доби огромен број на комплименти.

Елегантната трудница не прекинала да вежба во текот на бременоста и вели дека деветмесечното патување е магичен период во нејзиниот живот. „Бременоста е магична, никогаш не сум се чувствувала поповрзана со своето тело“ – рекла таа за Huffington Post.

Мери е убедена дека вежбањето ѝ помогнало да ги избегне болките во грбот и подуеноста кои се карактеристични за последните месеци од бременоста и нема да намера да прекине сè до породувањето.

За да продолжи да се занимава со балет, Мери прво добила дозвола од својата докторка која целосно ја поддржала и ѝ помогнала да создаде нови движења за трудници. „Промените низ кои поминува телото во бременоста се радикални, јас навистина се потрудив да го прифатам своето ново тело и се надевам дека ќе охрабрам и други жени да го сторат истото“ – изјавила Мери.

Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс Мери Хелен Бауерс

Мери е основач на „Ballet Beautiful“, фитнес програма инспирирана од балетот.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9685 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.