61-годишна Американка го родила својот внук
Почетна » Новости » Животни стории » 61-годишна Американка го родила својот внук

61-годишна Американка го родила својот внук

Кристин Кејси е 61-годишна Американка која решила да остане бремена само за да ѝ помогне на својата ќерка да има дете.

Храбрата Кристин, за која се верува дека е најстарата мајка во сојузната држава Илиноис, во средата го родила својот внук со помош на царски рез.

Биолошки родители на детето се ќерката на Кристин, Сара Конел, и нејзиниот сопруг, а оплодувањето било направено со ин-витро постапка.

Кристин и СараСара и Кристин му се воодушевуваат на малиот Финин

35-годишната Сара седела покрај својата мајка и ѝ ја држела раката додека траела операцијата за породување. Кога го слушнала своето дете како плаче, таа била пресреќна. „Се изгубив. Тоа е чудо“ – изјавила таа.

Сара долги години имала проблеми со оплодувањето. Во 2004-та направила ин-витро оплодување, но родила мртви близначиња, а подоцна доживеала и спонтан абортус. Желбата да има свое дете ја принудила на ваков чекор.

Покрај Сара, Кристин има уште две деца, а последното го родила пред околу 30 години. „Три од моите најсреќни денови во животот беа кога ги родив моите ќерки и решив дека можам да изберам да го направам ова за некој што го сакам“ – признала таа.

Пред да биде направено оплодувањето, Кристин ги поминала сите неопходни медицински тестови и примала хормони за да ја подготви својата матка за бременоста. Забременила со второто оплодување.

„Од самиот почеток, она што го посакував е моментот кога бебето ќе биде во нивните раце“ – изјавила Кристин.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.