6-годишно девојче спасено пред да стане премлада невеста
Почетна » Новости » Животни стории » 6-годишно девојче спасено пред да стане премлада невеста

6-годишно девојче спасено пред да стане премлада невеста

Авганистан е една од 50-те земји во светот во кои многу деца се принудувани да стапат во брак пред и да се подготвени да разберат што значи брачната заедница. Само во Авганистан 57% од девојчињата се принудени да стапат во брак пред да наполнат 16 години. Често тие им се продавани на возрасни мажи уште пред да влезат во пубертет.

Сторијата за мало девојче од Авганистан повторно ги разгоре дискусиите за девојчињата-невести. Таџ Мохамад се согласил неговата шестгодишна ќерка Нагхма да се омажи за 18-годишник, бидејќи не можел да исплати свој долг. Тој позајмил 2.500 долари за да може да ги подмири медицинските трошоци за својата болна жена и за неколку од своите деца, меѓу кои и тригодишниот син кој подоцна премрзнал до смрт бидејќи семејството не можело да си дозволи да обезбеди доволно огрев во текот на зимата. Но, подоцна Таџ не бил во можност да го врати долгот, па се согласил малата ќерка Нагхма да се омажи за синот на човекот кој му ги позајмил парите.

Таџ и малата НагхмаТаџ и малата Нагхма

„Тие ми рекоа: Врати ни ги парите. Немав пари, па морав да им го дадам моето девојче“ – раскажал Мохамад во интервју за The New York Times.

Откако сторијата одекна низ светот, анонимен донатор од САД пред еден месец го платил долгот, па Нагхма ќе остане со своето семејство. Отплаќањето на долгот го извршила лично адвокатката Кимберли Мотли за да се увери дека договорот ќе биде почитуван од двете страни и дека малото девојче барем засега ќе остане со своето семејство во камп за бегалци во близина на Кабул.

За жал, многу девојчиња ја немаат среќата на Нагхма и се присилени да се мажат уште од мали нозе. Една од најчестите причини за „детските“ бракови е сиромаштијата. Има случаи кога татковците ги продаваат своите ќерки бидејќи им се понудени многу пари, а во некои случаи девојчињата се давани затоа што семејството би имало една уста помалку за хранење.

„Најчесто се продавани. И најчесто сопругот е многу, многу постар“ – изјавила претставничка на групата Women for Afghan Women, која има неколку центри за заштита на жените низ Авганистан.

Стапувањето во брак со непознат сопруг не е најлошиот дел од животот на овие девојчиња. Откако ќе застанат пред олтар, најчесто тие го губат правото на образование и се физички малтретирани од своите сопрузи, а и се принудувани да родат дете уште додека се во пубертет. Најголем дел од овие девојчиња не се осмелуваат да им се спротивстават на сопрузите и остануваат во ваков брак цел живот. Оние кои ќе се осмелат да избегаат, често завршуваат во бордели како проститутки.

Минатата година Стефани Синклер објави свои фотографии кои документираат неколку вакви бракови.

Прочитајте повеќе за Страшната и тажна вистина за девојчињата невести низ светот.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4245 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.