49-годишна Американка го роди својот внук
Почетна » Новости » Животни стории » 49-годишна Американка го роди својот внук

49-годишна Американка го роди својот внук

Линда Сириос ѝ го даде на својата ќерка најубавиот подарок на светот – здраво бебенце. 49-годишната Американка го износила и родила сопствениот внук, затоа што нејзината ќерка Ејнџел Хеберт има заболување на срцето кое не ѝ дозволува да има безбедна бременост.

Линда, Ејнџел и малиот МеденЛинда, Ејнџел и малиот Меден

Храбрата Линда се породила со царски рез на 13 август и го родила здравиот Меден Хеберт. Во операционата сала веднаш до Линда била и 25-годишната Ејнџел. „Беше неверојатно. Тоа беше прекрасно, прекрасно доживување“ – изјавила Ејнџел.

Линда, Брајан и ЕјнџелЕјнџел и Брајан во операционата сала со Линда Ејнџел и ЛиндаЛево: Линда и бебето. Десно: Ејнџел и бебето.

Долги години Линда ѝ велела на својата ќерка дека ќе влезе во улогата на сурогат-мајка ако таа не може да забремени. Минатото лето докторите им кажале на Ејнџел и нејзиниот сопруг Брајан дека нема да можат да се радуваат на безбедна бременост. „Беше многу разочарувачки и бевме многу вознемирени поради тоа“ – изјавила Ејнџел. Тогаш таа решила да ја прифати понудата на мајка си.

Оплодувањето било направено со ин-витро. Бременоста не ѝ создала проблеми на Линда, која вели дека ова ѝ била многу полесна бременост во споредба со четирите претходни.

Ејнџел и ЛиндаЕјнџел и Линда во текот на бременоста

Линда гледа на ваквата бременост како на нешто најнормално. „Што се однесува до мене, сè беше многу едноставно. Јас го сфатив тоа како да го чувам детето неколку месеци. Во текот на целото време тоа беше нивно дете. Јас бев само простор за изнајмување“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.