4 години по спасувањето: Преслабото напуштено детенце, кое за малку ќе умреше, сега е прекрасно, здраво момче
Почетна » Новости » Животни стории » 4 години по спасувањето: Преслабото напуштено детенце, кое за малку ќе умреше, сега е прекрасно, здраво момче

4 години по спасувањето: Преслабото напуштено детенце, кое за малку ќе умреше, сега е прекрасно, здраво момче

Пред неколку дена навршија 4 години од спасувањето на преслабото момче од Нигерија, кое беше обвинето од семејството дека е вештер и беше напуштено. Фотографијата на која хуманитарката Ања Рингрен му даваше вода стана вирален хит и го потресе светот.

Нигерија Нигерија Нигерија

Денес, Хоуп не е повеќе слабо изнемоштено момче на работ на смртта, туку е среќно дете кое расте опкружено со љубов. Тој живее во детскиот центар „Land of Hope“, заедно со уште 74 други деца спасени од хуманитарците кои работат таму.

Хоуп

На годишнината од спасувањето, Ања објави нови фотографии од Хоуп, на кои се гледа дека тој се развива одлично.

Хоуп Хоуп Хоуп

Денес е 30 јануари, и денес изминуваат точно 4 години откако го спасивме Хоуп. Мислам дека најголем дел од луѓето во светот ја имаат видено или слушнале за прочуената фотографија од мене и Хоуп, на која клечам пред неговото прегладнето неухрането тело за да му дадам вода. Не сакам да ја споделам таа фотографија денес. Наместо неа, сакам да споделам фотографии од изгледот на Хоуп денес, 4 години по спасувањето. Многу силно, интелигентно, забавно и убаво момче, кое и покрај малите шанси, преживеа!

Хоуп многупати ја има видено популарната фотографија од мене и од него. Тој покажува кон себе и вели дека е тој на фотографијата, потоа ќе се насмевне како да се гордее. Но, јас знам дека не станува збор за гордост. Децата се раѓаат со способност да опростуваат. Децата се раѓаат без никакви предрасуди. Кога децата се учат што да мислат, а што да не мислат, ние потфрлуваме како општество.

Дали го воспитуваме Хоуп да ги мрази своите родители кои го напуштија, го обвинија дека е вештер и го оставија сам на улица да умре? Не, се разбира дека не.

Суеверието е предизвикано од недостиг на образование, екстремна сиромаштија, религиозен фанатизам и корупција. Ниту едно општество не може да се развива ако неговите луѓе се лишени од основите човекови права како што се пристап до образование, здравствена нега и социјална заштита.

Образованието е најмоќната инвестиција во општеството и најголемото оружје против игнорантноста. Како и сите наши 74 деца, Хоуп оди на училиште секој ден. Училиштето е најважната фонтана на знаење на која децата може да бидат изложени. И покрај тоа што е многу мал, по 4 години под наша нега, Хоуп знае дека омразата е преголем товар за тој да може да го носи. Сè што ни е потребно е љубов.

Веќе 4 години, Хоуп е сакан, заштитуван и негуван од сите. Погледнете го мојот Хоупи! Нели е најзгодното момче на светот?

Хоуп Хоуп

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8961 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.