27 нешта што сакаат да ви ги кажат лицата кои се борат со неплодност
Почетна » Новости » Животни стории » 27 нешта што сакаат да ви ги кажат лицата кои се борат со неплодност

27 нешта што сакаат да ви ги кажат лицата кои се борат со неплодност

Неплодноста е чест проблем, но оваа тема е сè уште табу. Во Македонија нема официјална статистика, но се смета дека речиси секој шести пар се соочува со овој проблем.

Со цел да ги охрабрат луѓето гласно да зборуваат и да поттикнат дискусии за неплодноста, уредниците на The Huffington Post ги прашаа своите читатели што би сакале да споделат за неплодноста. Еве ги нивните одговори:

Жена
  • Неплодноста е многу почеста појава отколку што си мислите. Не сте сами. Не треба да се плашите и срамите да зборувате за тоа.
  • Понекогаш зачнувањето не е проблем, туку проблем е да го задржиш бебето докрај, а тоа е исто толку (ако не и повеќе) болно колку и да не можеш да зачнеш.
  • Буквално ти се крши срцето. Секој тест кој се враќаше негативен правеше да се чувствувам како да не сум целосна личност. Колку и да сакав да ги споделам моите приказни или чувства, чував премногу во себе. Неплодноста е различна приказна кај секого, како што е и бременоста.
  • Не е до возраста! Може да бидеш млада, а сепак да се бориш со неплодност.
  • Посакувам луѓето да знаеја дека е можно една личност однадвор да изгледа како сè да е во ред, но внатрешно да се чувствува поразено како жена и да умира по малку секогаш кога дознава дека не е бремена.
  • Посакувам луѓето да сфатат дека неплодноста е емоционален ролеркостер.
  • Личност која страдала од неплодност има потреба од поддршка откако ќе има среќа да забремени. Уште од првиот миг кога ќе ја добиеш дијагнозата, целиот процес е многу страшен и постојано се грижиш дека нешто ќе тргне наопаку во бременоста.
  • Жената често се чувствува сама во борбата, но сето тоа е исто толку тешко и за сопругот.
  • Неплодноста не ја негира твојата машкост или женскост. Тоа беше најтешката лекција што ја научив по двегодишни обиди за забременување.
  • Неплодноста е измачувачка и истоштувачка. Нанесува тежок удар врз бракот и трае долго, долго. Но, кога ќе дознаеш дека си бремена, се чувствуваш екстремно наградено. Радоста која ја чувствуваш не може да се објасни.
  • Неплодноста може да ѝ наштети на вашата врска, па добро е да побарате советување.
  • Само затоа што некој бил благословен да има едно дете, не значи дека лесно ќе ја проголта секундарната неплодност.
  • Неплодноста може да се случи секому и може да настане дури и ако веќе имаш едно дете. Не осудувај!
  • Бескрајно сме благодарни за нашето дете, но тоа што ја имаме неа не ја искоренува болката за нејзините пет изгубени браќа/сестри.
  • Сакам луѓето да знаат дека секоја вест за туѓа бременост е вознемирувачка. Не затоа што не си среќна за нив, туку затоа што си тажна за себе.
  • Не треба да се плашиш да ми кажеш дека си бремена. Способна сум да се радувам за тебе, независно од мојата ситуација.
  • Најтешкото нешто во текот на четирите години додека се борев со неплодност беше што имав пријателки кои нон-стоп се жалеа за нивната бременост, додека јас постојано посакував да бидам на нивно место.
  • Да, благослов е што твоја пријателка очекува дете, но може да биде ужасно болно да дискутираш за соништата и надежите на идна мајка додека ја чекаш и се прашуваш за сопствената бременост. Јас плачев хистерично непосредно откако ќе ги пренесев моите честитки и добри желби.
  • Не, навистина не знаеш низ што поминувам, па те молам престани да ми велиш да се опуштам и дека тоа ќе се случи природно.
  • Зачувај си ги коментарите за себе. Особено оние од типот „Едноставно, посвои си“ или „Можеби тоа е божја волја“. Ти немаш право на мислење. Точка.
  • Престани да прашуваш кога ќе имаме бебе или второ дете.
  • Никогаш не вели никому „релаксирај се и ќе се случи“, или дека тоа ќе се случи кога ќе престанат да се обидуваат. Тоа не функционира така и на одреден начин им велиш дека тие се виновни за неплодноста заради тоа што се под стрес. Најдоброто нешто кое можеш да го кажеш е: „Жалам што поминуваш низ тоа“.
  • Не коментирајте дека сигурно им е „забавно“ додека се обидуваат да зачнат (намигнување). Сексот фокусиран на зачнување е најлошиот тип на секс. Најлошиот.
  • По пет години неплодност, навистина не сакам да слушнам дека знаеш како ми е само зашто вие сте се мачеле долги четири месеци. Едно е да се обидуваш да забремениш, а сосема друго е неплодноста (и секундарната неплодност).
  • Ако ваши пријатели се борат со неплодност, не им се потребни вашите совети. Тие имаат потреба да ги ислушате АКО се чувствуваат пријатно да зборуваат со вас за тоа. Можно е да не сакаат да зборуваат и тоа е ОК.
  • Освен ако и самите не сте минале низ истото, нема многу нешта кои можете да ѝ ги кажете на личност која се соочува со неплодност. Подобро е да ѝ дадете поддршка наместо објаснувања, предлози и причини.
  • Твоите „љубезни“ зборови за надеж или охрабрување не се секогаш љубезни. Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите е да слушате и да бидете до оние кои ја водат таа борба.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6658 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.