Почетна » Новости » Животни стории » 1 на 75 милиони: Мајка забременила по природен пат со четворка, го документира растењето на бебенцата на Instagram

1 на 75 милиони: Мајка забременила по природен пат со четворка, го документира растењето на бебенцата на Instagram

Мајка, која зачнала со четворка по природен пат, ни дозволува да ѕирнеме во нејзиниот живот со четири бебенца преку фотографиите на Instagram.

Лордес Санчез Лордес Санчез

Лордес Санчез имала 25 години кога открила дека е бремена. На првиот преглед, ѝ рекле дека станува збор за еден или два ембриони, но дека е премногу рано да се каже со сигурност. Бидејќи во семејството на сопругот имало неколку близнаци, тие знаеле дека постои веројатност да имаат две бебиња.

Нивниот живот целосно се променил кога неколку недели подоцна, на вториот преглед, докторката им кажала дека ќе станат родители не на две, не на три, туку на ЧЕТИРИ бебенца.

Лордес Санчез

„Гледав како лицето на докторката одеднаш се промени. Таа молчеше долго време, а потоа рече: ‘Нешто тука не ми изгледа на нормално’. Започнав да чувствувам страв. Докторката не гледаше во еден или два ембриони. Таа гледаше во четири ембриони. Четворка! Мојот сопруг праша дали е тоа некаква шега, но докторката само ја потврди информацијата. Дека ќе станеме родители на четири бебиња“ – раскажала Лордес.

Иако била премногу исплашена, 26-годишната мајка се чувствувала благословено, бидејќи знаела дека забременувањето со четворка е многу ретка појава, особено по природен пат.

„Пред бременоста, ми велеа дека имам мали шанси да забременам. Ми беше дијагностициран Синдром на полицистични јајници и ми рекоа дека јајцеводите не ми функционираат. Шансите да забременам ми беа помали од 40%. Се покажа дека 10% се доволни за секој од моите ангели.“

„Јас сум среќна и пред сè благословена личност. За време на нашето истражување за бременост со четворка, дознавме дека помалку од 0,5% од светот има четворка, само 1 на 75 милиони бремености, најголем дел од кои се зачнати со вештачко оплодување. Но, нашата бременост беше природен дар. Чувствувавме како Бог да бара од нас да ја извршиме оваа тешка, но прекрасна задача“ – рекла таа.

Лордес Санчез Лордес Санчез

Санчез била примена во болница во 29-тата недела од бременоста и веднаш започнала да прима лекарства за зреење на белите дробови на бебињата. Четири дена подоцна, таа се породила со итен царски рез откако пукнал водењакот на едно од бебињата. Бебињата биле во одлична здравствена состојба.

Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез

Првите месеци по раѓањето биле најтешки за родителите, бидејќи тие морале да ги носат на многубројни испитувања, а за тоа била потребна голема организираност. Сепак, тие се справиле со сите предизвици и сега се чувствуваат пресреќно.

Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез

Санчез редовно споделува фотографии на Instagram од двете ќеркички и двете синчиња кои ги добија имињата Луцијана, Октавио, Валерија и Емилио.

„Неверојатно е да бидеш мајка. Отсекогаш сум сонувала за тоа, но никогаш не помислував дека ќе имам четворка. Иако е многу комплицирано, не би го променила овој огромен благослов за ништо друго на светот. Најголемата награда за мене е да се разбудам и да ги видам нивните лица.“

„Секој ден, нивните мали насмевки ми ја даваат потребната енергија да продолжам. Со сопругот нè наполнија со премногу љубов. И поради таа љубов одлучивме иницијалите од нивните имиња да го сочинуваат зборот љубов (LOVE) Луцијана, Октавио, Валерија и Емилио. Дури и во нашите најубави соништа не можевме да го сонуваме ова“ – вели среќната мајка.

Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез Лордес Санчез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.