Љубовта им се роди додека се бореа со ист тип на рак, а нивната приказна го освои светот
Почетна » Новости » Животни стории » Љубовта им се роди додека се бореа со ист тип на рак, а нивната приказна го освои светот

Љубовта им се роди додека се бореа со ист тип на рак, а нивната приказна го освои светот

Љубовната приказна на Моли Горчика и Рајан Смит стана вирален хит на социјалните мрежи откако тие се вклучија во трендот „Како започна/Како продолжува“ на Twitter.

21-годишните партнери се запознаа додека се бореа со ист тип на рак и сега се пресреќни што се имаат еден со друг.

Кон средината на месецов, Моли низ фотографии „раскажа“ како започна сè и како се развива денес нивната романса. Нејзината објава има повеќе од 1,8 милиони лајкови и илјадници коментари.

Моли Горчика и Рајан Смит Моли Горчика и Рајан Смит Моли Горчика и Рајан Смит Моли Горчика и Рајан Смит

Во април 2019 година, на Моли ѝ била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија (АМЛ). АМЛ е тип на рак на крвта и коскената срцевина, кој е несвојствен за лицата под 45 години и најчесто се појавува кај лицата на просечна возраст од 68 години.

„Тоа е многу редок рак и не е типичен за луѓето кои имаат 20, 21 година“ – вели Моли.

Додека се лекувала од ретката болест, случајно видела објава за нејзин врсник со ист тип на рак. Таа била многу изненадена, бидејќи исто како неа, и Рајан бил 20-годишен спортист.

„Девојка од моето средно училиште, која студираше на истиот колеџ со Рајан, сподели статија за ‘кошаркарски воин кој се бори со рак’. Започнав да читам и дознав дека Рајан е на иста возраст како мене, дека е спортист и дека се бори со истиот рак како мене. Кога го видов тоа, помислив дека мора да се поврзам со него“ – објаснува таа за моментите кога првпат го видела Рајан.

Горчика му ја испратила на своја пријателка пораката од твитот во која стои: „Во болницата, веднаш до мене, има момче на моја возраст со истиот рак како мене... Ќе одам на состанок со него“.

Подоцна таа објаснила дека пораката била напишана на шеговит начин, бидејќи воопшто не очекувала дека ќе започне да се состанува со него. Моли му испратила порака на Рајан, кој прифатил да се сретне со неа.

Моли Горчика и Рајан Смит Моли Горчика и Рајан Смит

Нивната врска на почетокот била само пријателска. Дури и откако ја напуштиле болницата, тие продолжиле да се дружат како пријатели. Но, животот имал поголеми планови за нив и во март нивната врска официјално станала романтична.

На Моли успешно ѝ била трансплантирана коскена срцевина на крајот на октомври 2019 година, додека Рајан требало да помине низ истата процедура во март.

„Пред мојата трансплантација одлучив да ја прашам дали сака да започне врска со мене, бидејќи месецот поминат подалеку од неа, додека таа беше во изолација, беше многу тежок. На денот на мојата трансплантација, таа пристигна во Филаделфија и се појави пред мојата соба со знак на кој пишуваше ‘Среќен ден на трансплантација’. Тоа беше навистина специјално“ – рекол Рајан.

МолиМоли пред ракот била успешна спортистка РајанРајан пред ракот бил кошаркар кој играл за неговиот колеџ

„Сите гледаат на ракот како на застрашувачка, ужасна болест од која не може да произлезе ништо добро. Но, ако од неа произлезе нешто како нашата врска и ние двајцата го победивме ракот, тоа е како цвеќе кое расте помеѓу бетонот.“

„Ние не сме пар со рак. Ние сме одличен пар кој случајно се запозна преку нешто такво.“

„Никогаш не можев да го предвидам тоа. Чувствувам дека кога ќе ја кажеме нашата приказна, луѓето мислат дека нема шанси да излезе нешто добро од нешто толку ужасно... Мислам дека поради тоа, многу луѓе започнаа да го лајкуваат постот. Никогаш не очекував толку искрена поддршка и љубов од луѓе кои никогаш не сум ги сретнала. Тоа е нешто прекрасно“ – вели Моли.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3580 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.