„Јас сум причината зошто НЕ им се дава мед на бебиња“: Текст на мајка која преживеала ботулизам како бебе
Почетна » Новости » Животни стории » „Јас сум причината зошто НЕ им се дава мед на бебиња“: Текст на мајка која преживеала ботулизам како бебе

„Јас сум причината зошто НЕ им се дава мед на бебиња“: Текст на мајка која преживеала ботулизам како бебе

Жена го раскажа своето речиси фатално искуство со медот за да предупреди колку е опасен тој за малите бебиња.

Кели Тегер е мајка на две деца која апелира родителите да не им даваат мед на бебиња помали од една година. Таа вели дека е изненадена што сè уште слуша дека родителите им ставаат мед на цуцлите на малите бебиња и порачува докторите уште при породувањето да предупредуваат за опасностите од него.

Тегер добила ботулизам на 6-месечна возраст, откако мајка ѝ започнала да ѝ воведува цврста храна, па сега таа го користи своето лошо искуство за да испрати порака до сите родители. Еве го нејзиниот текст:

Бебе Бебе

Јас сум причината зошто НЕ им се дава мед на бебиња

Би му дале ли путер од кикиритки на вашето бебе? А јагоди? Се смета дека овие намирници носат потенцијални ризици за вашето дете, па постојано ни е кажувано да внимаваме со нив.

Но што е со медот? Зошто никој не зборува за медот? Само на половина од моите пријателки кои се вратија со новороденче од болница им беше кажано да стојат подалеку од него, но на другата половина не им беше кажано ништо.

За среќа, тие ме познаваат мене.

Дозволете ми да ви го раскажам ова делче од мојот живот.

Додека растев, не познавав никој друг што има лузна на вратот, но да бидам искрена, сметав дека тоа е кул. Во средно училиште, ми се смачи другите деца да зјапаат во мене и со грозење да ме прашуваат: „Зошто имаш дупка на вратот?“ Затоа, започнав да се шегувам со нив.

Борба со нож во Њујорк. Ме касна вампир со еден издолжен заб.

Што да ви речам, бевме средно.

Но, дури откако го родив моето прво дете и ја погледнав кога имаше 6 месеци, си помислив: „Толкава бев кога ми се случи тоа“ и целосно го разбрав хоророт низ кој поминаа моите родители.

Шест месеци е возраста кога родителите конечно можат да им воведат вкусови на „вистинска“ храна на нивните бебиња и мојата мајка радосно започна да ми го претставува светот на вкусови како овесни каши, јогурт, сенф и (секако) мед.

Таа почна да забележува дека изгледав малку летаргично. Докторот ѝ рече дека сум настината.

Но, кога таа се обиде да ме надои, виде како млекото ми излегува од устата и сфати дека не можам да голтам.

Веднаш ме одведоа во болница и итно ми ставија цевка за хранење во носот и ми направија трахеотомија.

Бев парализирана од главата (вклучително и моите очи) сè до стапалата. Мајка ми вели дека изгледав како кукла.

Не можев да мрдам. Не можев да голтам. Не можев да дишам.

Глупав мед.

Но, ова се случи во деновите пред да сфатат дека она што го имав се нарекува детски ботулизам, што претставува труење со бебешка храна. Сировиот мед носи спори од бактерија, која стомачињата на малите бебиња не можат да ја примат.

Па, половина од докторите помислија дека имам тумор на мозокот. Очигледно, моите родители не беа многу задоволни од дијагнозата, но за среќа, другата половина од докторите сметаа дека станува збор за нешто друго, само што не знаеја што.

Моите родители чекаа.

Гледаа како бебиња умираат околу нив додека јас лежев безживотно во болницата.

Татко ми конечно се врати на работа, а мајка ми никогаш не се оддалечи од мене.

Еден ден, татко ми влезе низ врата во мојата болничка соба и забележа нешто поразлично – јас го следев со моите очи.

Малку по малку, јас се опоравив. Толку многу се опоравив, што по 2 и пол месеци, болницата ме испрати дома.

До тој момент, јас целосно имав заборавено како да голтам, па моите родители мораа да ме хранат принудно. Но, бидејќи можев да се движам, можев и да ја тргнам цевката од мојот нос, па моите родители мораа да ми ја враќаат во носот. До мојата 10-та година, паничев и туркав сè што ќе ми се доближеше до лицето.

Одев на работна терапија, бидејќи никој не веруваше дека некогаш повторно ќе проодам.

Им покажав.

Моите моторички способности беа многу назад, па моите родители ме држеа во прво одделение за да ме подготват за целото тоа пишување кое требаше да го правам во основно училиште.

Две години подоцна, моите доктори им се јавија на моите родители и им рекоа: „За ваша информација, не беше тумор на мозокот, туку нешто што се нарекува детски ботулизам“.

Кога првпат се разболев, никој не знаеше што може медот да направи. Имав голема среќа.

Сега луѓето знаат колку е опасен – дека ги убива бебињата. Сега, има етикета со предупредување на медот, на која пишува да не им се дава на деца под една година. Сега, медот се пастеризира за да се сведат на минимум шансите да се добие ботулизам. Но, шанси сè уште постојат.

И покрај тоа, слушам приказни за луѓе кои ставаат мед на цуцлите, бидејќи никој не ги предупредил на болница. Во книга што ја имам со бебешки рецепти медот едноставно се наведува во делот со намирници за „над 1 година“ заедно со рибата и цитрусните овошја. Но, ризикот да му дадете на бебето да проба портокал и да му дадете мед не е ист. Портокалот може да предизвика лош осип, но не ботулизам.

Ве молам, барам од вас, да го раширите ова низ светот. Не барам слава на интернет од тоа што за малку ќе умрев. Сè што барам од вас е да им ја пренесете пораката на вашите пријатели, роднини, групите за родители... дека хранењето на дете под една година со мед може да биде фатално.

А ако не ви веруваат, испратете ги кај мене. Не можам да им ги покажам лузните на моите родители, бидејќи тие не се видливи, но можам да им ја покажам мојата лузна, бидејќи таа не е од вампир, не е ни од нож, туку е од трахеотомијата што ми го спаси животот.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 69%
  • 13%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 7232 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.