ФОТО: Страшната и тажна вистина за девојчињата невести
Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Страшната и тажна вистина за девојчињата невести

ФОТО: Страшната и тажна вистина за девојчињата невести

Свадбениот ден треба да биде радосен ден кој ја прославува љубовта меѓу две лица. Но, за милиони девојчиња низ светот тоа е тажен ден, бидејќи се присилени да се мажат и тоа пред да се доволно зрели за брак.

Секој ден 37.000 девојчиња под 18 години се присилени да стапат во брак, честопати со мажи кои се доволно возрасни за да им бидат татковци или дедовци. Се проценува дека низ целиот свет во брак се 51 милион девојки кои имаат под 18 години. Само во Авганистан 57% од девојчињата се принудени да стапат во брак пред да наполнат 16 години.

Стефани Синклер со својот фотоапарат 8 години го документира овој проблем низ целиот свет. „Го започнав овој проект за детските бракови во 2003 година, откако запознав неколку девојки кои се самозапалија во Авганистан. Забележав дека многу од девојките кои се самозапалуваат биле мажени уште додека биле многу млади, некои и пред пубертетот. Чувствував дека имам одговорност да истражувам и да документирам што е она што ги тера овие девојки да се запалат“ – изјавила таа за „Today“.

Нејзините фотографии, кои го разоткриваат страшниот живот на младите невести, се потресни. Погледнете дел од фотографиите на Стефани објавени од „National Geographic“:

55-годишниот Саид Мохамед и 8-годишната Росан Касем55-годишниот Саид Мохамед и 8-годишната Росан Касем на денот на нивната свршувачка. Таткото на Росан изјавил: „Многу сум сиромашен и имам многу проблеми. Ми требаат пари, а имам уште 3 други ќерки. Мислите ли дека сакам да ја омажам ќерка ми толку млада?“ Млади невести„Кога и да го видев, се криев. Мразев да го гледам“ – вели Техани (во розовото) за првите денови од бракот со Мајед. На денот на свадбата таа имала само 6 години, а тој 25. На фотографијата Техани има 8 години, исто како и другото девојче, кое е фотографирано со својот сопруг. СаритаСарита, 15-годишна девојка од Индија. Претходниот ден таа и нејзината 8-годишна сестра Маја биле омажени за двајца браќа. Маж (40) со својата невеста (11)11-годишно девојче без насмевка на лицето до 40-годишен маж. Фотографијата е направена во нивниот дом пред свадбата. (Авганистан) Млада невеста14-годишно девојче го носат во новиот дом на денот на свадбата. Мажите објасниле дека врз нејзината глава се става бел материјал за девојчето да не може да го пронајде патот назад до својот дом, во случај да сака да избега. (Етиопија) Млади невестиАзија, 14-годишна девојка, го капи своето бебе, додека до неа си игра нејзината 2-годишна ќерка. (Јемен) Млада невеста14-годишната Дебиту избегала од својот сопруг кој ја малтретирал со месеци. На фотографијата е во седмиот месец од бременоста. (Етиопија) Млада невестаКина, 18-годишна проститутка која била претепана од клиент. Многу од девојките кои избегале од браковите завршуваат во бордели, каде што се жртви на насилство. (Етиопија) Млада невестаМејгон, 16-годишна девојка, плаче во прегратката на социјална работничка во прифатилиште. Мејгон била продадена од својот татко на 60-годишен маж за две кутии хероин. „Во целиот мој живот, немам почувствувано љубов“ – Мејгон, мажена на 11 години. (Авганистан) Млада невеста5-годишната Рајани во прегратката на својот вујко, кој ја носи на нејзината венчавка. Бракот со деца е забранет во Индија, па церемонијата се одвивала доцна вечерта. Млада невестаМохамед Фазал (45) со двете сопруги – Мајабин (13) и Залаја (29). Мајабин му била дадена за да биде подмирен долгот на соселанец кој немал да му плати по игра со карти. Млада невеста8-годишната Маја и 13-годишниот Кишор на нивната свадбена фотографија (Индија)

Причините за браковите со мали девојки се различни. Често татковците ги продаваат своите ќерки за храна или пари, но исто така ги мажат и за да ја одржат традицијата.

Стапувањето во брак со непознат сопруг не е најлошиот дел од животот на овие девојчиња. Откако ќе застанат пред олтар, најчесто тие го губат правото на образование и се физички малтретирани од своите сопрузи, а и се принудени да родат дете уште додека се во пубертет. Најголем дел од овие девојчиња не се осмелуваат да им се спротивстават на сопрузите и остануваат во ваков брак цел живот. Оние кои ќе се осмелат да избегаат, често завршуваат во бордели како проститутки.

Фотографиите на Стефани ќе бидат изложени по повод Меѓународниот ден на девојчето (International Day of the Girl Child), кој за првпат беше одбележан вчера (11 октомври). Целта е да се привлече внимание кон овој глобален проблем и да им се даде поголема заштита на девојчињата.

Обединетите Нации порачаа: „Да им дозволиме на девојчињата да бидат девојчиња, а не невести“.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9685 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.