Фотографии и видеа по ужасното невреме на Халкидики кое однесе најмалку 6 животи
Почетна » Новости » Животни стории » Фотографии и видеа по ужасното невреме на Халкидики кое однесе најмалку 6 животи

Фотографии и видеа по ужасното невреме на Халкидики кое однесе најмалку 6 животи

Најмалку шест туристи загинаа, а над 100 лица се повредени во ужасното невреме кое синоќа ја зафати Грција во регионот на Халкидики.

Снимките од штетата и вчерашната бура покажуваат обилни дождови, скршени дрвја, разрушени барови на плажа, паднати покриви, раскршени стакла, расфрлани лежалки и сламени чадори.

„За првпат во мојата 25-годишна кариера доживувам нешто вакво“ - изјавил Атансиос Калтас, директор на Медицинскиот центар во Неа Мудања, каде биле примени многу пациенти со скршеници.

Жена и 8-годишно дете од Романија починале кога паднал покрив, а Русин и 2-годишно дете загинале како последица на пад на дрво во близина на нивниот хотел. Пар од Чешка загина во караванот со кој патувал.

Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики

Невремето траело околу 20 минути и многу туристички места останале без струја. Денес, ситуацијата се стабилизира и многу волонтери го расчистуваат теренот.

Министерството за надворешни работи потврди дека нема загинати македонски државјани.

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347
00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:
00302106749585

За дополнителни информации, МНР навремено ќе ја извести македонската јавност.

Соопштението на МНР

Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики Халкидики

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9437 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.