Почетна » Новости » Животни стории » „Среќна приказна за две палчиња“: Предвреме родени бебенца на ГАК се изборија за живот

„Среќна приказна за две палчиња“: Предвреме родени бебенца на ГАК се изборија за живот

Со соодветна нега и грижа од вработените на ГАК во Скопје, уште две предвреме родени бебенца се изборија за своите животи.

Амела се роди во ноември минатата година и тежеше само 550 грама. Малата хероина помина 156 дена на Клиниката во Скопје и пред неколку дена конечно си замина дома со своите родители. Таа сега тежи 2.640 грама.

Храбрата Амра имаше само 820 грама при своето раѓање, па затоа мораше 80 дена да престојува на одделот за интензивна нега на ГАК. На 27 мај, нејзината мајка Мелеќије Сулис си ја зеде во прегратка и си ја однесе дома.

Бебе Бебе

Овие две убави вести беа споделени на официјалната страница на ГАК.

АМЕЛА СЕ РОДИ СО 550 ГРАМА, АМРА СО 820 - СРЕЌНА ПРИКАЗНА ЗА ДВЕ ПАЛЧИЊА

Амела се роди на 29 ноември минатата година, со екстремно мала родилна тежина од само 550 грама. Нејзината мајка Илзан Османи ја роди во 25 гестациска недела.

По 156 дена престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), Амела, како здраво девојче со тежина од 2640 грама, на 6 мај си замина дома, кај своите родители.

Второто палче Амра, пак, се роди исто така како екстремно прематурче, со 820 грама и тоа на 8 март. Таа престојуваше кај нас 80 дена и на 27 мај нејзината мајка Мелеќије Сулис си ја зеде во прегратка и си ја однесе дома. Амра замина од ЈЗУ У ГАК – Скопје со тежина од 1800 грама.

На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки, двете мали хероини се изборија со сѐ она што го носи предвременото раѓање.

Растете среќни и имајте детство исполнето со љубов и со здравје, уживајќи во прегратките на своите најблиски.

Ние, секако, продолжуваме со успешните приказни на нашиот тим на ОИНТ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.