Србинка го победи ракот дијагностициран во бременоста, сега шири позитивна енергија и инспирира на Instagram
Почетна » Новости » Животни стории » Србинка го победи ракот дијагностициран во бременоста, сега шири позитивна енергија и инспирира на Instagram

Србинка го победи ракот дијагностициран во бременоста, сега шири позитивна енергија и инспирира на Instagram

„Никогаш не се откажувајте“ – ова е пораката која Настасја Недимовиќ им ја пренесува на своите следбеници на Instagram.

Инспиративната Србинка го победи ракот на коските, кој ѝ бил дијагностициран во бременоста на 27-годишна возраст, и сега шири позитивна енергија и ги мотивира луѓето да издржат кога им е најтешко. Таа тренира напорно и се храни здраво за да биде во најдобра физичка кондиција.

Настасја Недимовиќ Настасја Недимовиќ Настасја Недимовиќ Настасја Недимовиќ

Иако сега изгледа одлично, нејзиниот пат до закрепнување не бил лесен. Здравствените проблеми на Настасја, која 10 години била професионална ватерполистка, започнале во нејзината втора бременост. Нејзе ѝ била откриена анемија, а имала и спазми во мускулите. Докторите сето тоа го препишувале на нејзината бременост.

Вистинската борба започнала пред четири години, на 31 октомври 2016 година, кога таа била во шестиот месец од бременоста и не можеле повеќе да станува од креветот. Откако ѝ била направена биопсија на коскената срцевина, ѝ бил дијагностициран мултипен миелом или рак на коскената срцевина. Тоа е болест која предизвикува ерозија на коските и во нив се создаваат дупки или лезии. Како последица на тоа, коските лесно се кршат.

Настасја се породила два месеци предвреме со итен царски рез откако ѝ се скршило ребро и градната коска. Поради тоа, таа била парализирана, а морала да помине низ 5 хемотерапии, придружени со физиотерапевтски вежби. Ѝ била направена и трансплантација на коскена срцевина.

Таа повторно морала да учи како да седи и да се движи.

„Ако некој ми кажуваше дека на 27 години ќе учам наново да одам, по 10 години професионална кариера во ватерполо, немаше да му верувам. Но, животот ги подели картите, а јас одлучив да играм и го презедов водството. Наместо кец, од ракавот извлеков волја, решителност, упорност и дисциплина“ – пишува таа во описот на видео на Instagram.

Видео

Настасија сака да ги мотивира и другите да издржат како што издржа и таа, посакувајќи им на сите да пронајдат мотивација за тоа. За неа, тоа биле нејзините две деца.

„Имаше моменти кога болките го победуваа и морфиумот. Но, мислите за моите деца кои ме чекаат дома, ги победуваа болките. Кога веќе ништо немаше смисла и кога времето запре, мислите за моите деца ми ја вратија смислата на животот и ми го забрзаа времето. Кога солзите сакаат да потечат надвор, ја имав најшироката насмевка на светот. Само... поради нив. На сите кои поминувате низ тешка животна ситуација, ви посакувам една голема, снажна мотивација“ – пишува таа.

За причината зошто ја создала страницата cancer.influencer, таа рекла:

„Уште на почетокот размислував за тоа колку би било убаво кога би пронашла некоја личност која може да ми ја пренесе својата приказна, искуството, препораките, советите. Некој кој ќе ми покаже што ме чека, кој ќе ме упати и на некој начин ќе ме припреми за целиот процес. Со тие мисли и со огромна желба да им помогнам на другите, настана страницата cancer.influencer. Таму ја споделувам мојата приказна, која е исполнета со подеми и падови, како тешки, така и убави моменти. Се трудам да инспирирам, да споделам здрави рецепти и позитивни мисли за да им го разубавам денот на луѓето“.

„Закрепнувањето по канцер претставува макотрпен, исцрпен и долготраен процес. Првата фотографија е направена 4 месеци по трансплантацијата на коскената срцевина, една година по породувањето со дијагноза рак, напукнати пршлени, скршена градна коска и ребра. Имав 48 килограми, крути и болни мускули. Потполно крив ’рбет без мускулна потпора. На втората фотографија имам 53 килограмии мускули без болки. Речиси целосно исправен ’рбет со мускулна потпора. Ништо не се случува преку ноќ. Потребна е дисциплина, волја и самоконтрола. Со оглед на тоа дека не јадам месо, слатки, како и индустриска храна полна со конзерванси, адитиви и бои, а многу се трошам, не ми е лесно да качам килограми. Овие 5 килограми мускули ги стекнував 3 години и се гордеам со нив. Стекнати се со работа и континуитет, квалитетна и контролирана исхрана. Се чувствувам посилно отсекогаш“ – пишува таа во описот на колажот од фотографии поставен погоре.

Видео

Настасја Недимовиќ

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3572 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.