„Сè уште сум во шок и тагата е огромна“: Џеси Џеј со емотивна порака сподели дека доживеала спонтан абортус
Почетна » Новости » Животни стории » „Сè уште сум во шок и тагата е огромна“: Џеси Џеј со емотивна порака сподели дека доживеала спонтан абортус

„Сè уште сум во шок и тагата е огромна“: Џеси Џеј со емотивна порака сподели дека доживеала спонтан абортус

Џеси Џеј со емотивна порака објави дека тајно била бремена, но за жал, го изгубила бебето.

33-годишната пејачка сподели фотографија со тест за бременост и краток текст за нејзините чувства по спонтаниот абортус.

Џеси Џеј

Вчера изутрина се смеев со пријател, велејќи му: „сериозно, како ќе издржам утре на концертот во Лос Анџелес без да ѝ кажам на целата публика дека сум бремена“.

До попладнето, ме ужаснуваше помислата како ќе издржам на концертот без да се расплачам...

Откако бев на мојот трет преглед и ми беше кажано дека повеќе нема отчукување на срцето.

Ова утро, се чувствувам како да немам контрола над моите емоции. Можеби ќе жалам што го објавувам ова, можеби не. Всушност, не знам.

Она што го знам е дека сакам да пеам вечерва. Не поради тоа што го избегнувам процесот на тагување, туку затоа што знам дека пеењето ќе ми помогне вечерва.

Имам одржано само 2 концерти во 2 години и на мојата душа ѝ е потребно ова. Денес повеќе отсекогаш. Знам дека некои луѓе ќе мислат дека треба да го откажам настапот. Но, во овој момент јасно ми е едно – започнав да пеам како мала од радост, да си ја исполнам душата и како еден вид терапија за да се сакам себеси, тоа не се има променето...

... Одлучив да имам бебе сама, затоа што тоа беше сè што посакував и животот е краток. Тоа што останав бремена беше чудо само по себе и искуство кое никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го искусам повторно.

Сè уште сум во шок и тагата е огромна.

Но, знам дека сум силна и знам дека ќе бидам ОК.

Исто така, знам дека милиони жени низ светот ја имаат почувствувано оваа болка, и полошо од ова. Се чувствувам поврзана со сите вас кои ве познавам и сите вас кои не ве познавам.

Па, ќе се видиме вечерва во Лос Анџелес.

Можеби помалку ќе се шегувам, но моето срце ќе биде таму со вас.

Анкета

Анкета
Дали се согласувате со одлуката наставата да започне со физичко присуство?
  • 74%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 5921 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.