„Прости им сине“: Северина со емотивно писмо до малиот син откако ѝ го одзедоа старателството
Почетна » Новости » Животни стории » „Прости им сине“: Северина со емотивно писмо до малиот син откако ѝ го одзедоа старателството

„Прости им сине“: Северина со емотивно писмо до малиот син откако ѝ го одзедоа старателството

Северина ја изгуби правната битка со Милан Поповиќ. Според судската одлука, нивниот син Александар ќе живее со таткото и таа има право да го гледа само двапати неделно попладне и секој втор викенд да го поминува со него од сабота наутро до недела навечер.

По пресудата, хрватската ѕвезда веднаш го предаде детето кај Милан, а на Instagram се огласи со емотивно писмо:

Северина

Знаеш сине,

Тоа се само некакви хартии кои некој ги испиша и некакви букви кои некој ги накуцал во зборови, кои не вредат за нас двајца.

Нè разделија еден од друг физички, но тоа е сè што можат да направат. После седум и пол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеше да бидат и помалку, сè можеа и сè направија за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас со 88 часа? Можеме да направиме чуда. Ми дадоа двапати месечно да можам да преспивам со тебе и да те приспивам... Еј, тие не можат ни да си замислат колку ние можеме да се изназборуваме за тие две ноќи. Во сите други ноќи, мама ќе те замислува. Затоа што ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои непознати луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова, сине, е само лош сон и мама ветува дека за брзо ќе се разбудиме.

Повторно ќе се приспиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи „господин време“. Дотогаш, мама е секогаш со тебе и ова брзо ќе помине, сине.

Прости ми што не стигнав да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу важни обврски... Гледавме „Toy Story 4“, па печевме палачинки, па игравме зоолошка... Немаше време за тага, ни за објаснувања... Морав да те одведам...

Отидовме со насмевка.

Тие чудни зборови кои постојат само на хартија, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која си игра со нас... Тетката е на високо ниво во играта. Воведе нови правила во играта „хрватско правосудство“. Ние ова не ни го помислувавме, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти биди ми добро и сè ќе биде добро. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека.

И прости им сине, затоа што навистина не знаат што прават...

Северина

Северина Северина
View this post on Instagram

Znaš sine, to su samo neki papiri koje je netko ispisao i postoje neka slova koja je netko natipkao u riječi, koja ne vrijede za nas dvoje. Oduzeli su nas jedno od drugog fizički, ali to je sve što su mogli. Nakon 7 ipo godina sada su mi dali da te viđam 88 sati mjesečno. Hej, pa to je ipak 88 sati. Mogli su i manje, sve su mogli i sve su napravili da nas povrijede. Ali, znaš šta sve mi možemo, ti i ja s 88 sati? Možemo čuda. Dali su mi da dvaput mjesečno mogu prespavati s tobom i uspavati te.... Hej, koliko se mi možemo ispričati za te dvije večeri, oni ne mogu ni zamisliti. Sve druge večeri mama će te zamišljati. Jer ti se pretvaraš u svaku moju misao i svaka moja misao se pretvara u tebe. Mogu mi te neki strani ljudi zabraniti, ali mi ne mogu zabraniti da te volim, da mislim na tebe svaku sekundu. Ovo je, sine, samo ružan san i mama obećava da ćemo se brzo probuditi. Opet ćemo se mi uspavljivat svaku večer, a o tome će odlučiti “gospodin vrijeme”. Dotad, mama je uvijek uz tebe i ovo će brzo proći, sine. Oprosti što ti nisam stigla ni objasniti šta se jučer dogodilo, imali smo puno važnijih stvari... Gledali smo “Toy story 4”, pa smo pekli palačinke, pa smo se igrali zoološkog... Nije bilo vremena za tugu, ni za objašnjenje... Morala sam te odvesti... Išli smo sa osmijehom. Te čudne riječi koje postoje samo na papiru, ali ne i u stvarnosti, napisala je jedna teta koja ne zna tko smo mi i koja se igra s nama... Teta je na višem nivou igrice. Uvela je nova pravila u igricu zvanu “hrvatsko pravosuđe”. Mi samo nismo ovo ni slutili, nismo znali pravila. To su njena pravila, njihova, ne naša. Samo ti meni budi dobro i sve će biti dobro. Mama je dobro, Robyne moj, tvoj Batman te čeka. I Oprosti im sine, jer stvarno ne znaju šta čine....

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4118 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?