• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

По 30 дена на респиратор и компликации, го победи коронавирусот и излезе од болница на роденденот на синчето

7 мај 2020, 12:10
  • cподели

Омар Тејлор успеа да се избори со КОВИД-19 и излезе од болница точно за вториот роденден на неговото синче.

31-годишниот татко од Англија имаше сериозни здравствени компликации поради коронавирусот.

Тој 30 дена бил ставен во индуцирана кома и приклучен на респираторна машина, преживеал два мозочни удари, сепса и двојна пневмонија. Но сега, може да се радува што повторно се врати кај своето семејство.

Омар Тејлор со семејството Омар Тејлор

Тејлор беше испратен од болница со аплауз од страна на здравствените работници, а надвор од здравствената институција, дочекан со топли прегратки од неговите две деца и сопругата.

ВИДЕА:

Додека Омар бил во кома, неговата сопруга Кејтлин се подготвувала за најлошото, поради прогнозите кои ѝ ги соопштувале докторите. Затоа, опоравувањето на нејзиниот сакан таа го смета за чудо. „Прво ни рекоа дека ќе умре, потоа ни соопштија дека никогаш нема да може да оди. Неговото опоравување е апсолутно чудо“ - рекла таа.

Моментот кога Омар излезе од болница, Кејтлин го опишала како поубав дури и од нивниот свадбен ден.

„Мислевме дека кога Омар ќе излезе од болница, ќе биде во инвалидска количка, но тој излезе чекорејќи и ние бевме изненадени. Тоа беше најубавото чувство кое го имам почувствувано во мојот живот. Искрено можам да кажам дека беше подобро од нашиот свадбен ден, подобро од деновите кога се родија нашите деца. Сметам дека се чувствував така бидејќи не мислев дека е возможно. Но, сега сме тука сите заедно како семејство“ – изјавила Кејтлин.

Омар Тејлор Омар Тејлор Омар Тејлор

Омар беше топло пречекан и од нивните соседи.

Поради бројните компликации, Омар има проблеми и со зборувањето, но се очекува неговиот говор да се подобрува од ден на ден.

Омар Тејлор Омар Тејлор Омар Тејлор Омар Тејлор Омар Тејлор
Tags
коронавирус

Најнови

  • Кристина Талеска-Големтеова за патувањето во Париз и Дизниленд

    „Празничен Париз и магичен Дизниленд... Солзите на синот ни беа потврда“: Кристина Талеска-Големтеова за семејното патување

    Sat, 01/03/2026 - 19:35
  • Шминкер од Белград создава неверојатни мејкап трансформации, докажувајќи дека убавината не познава возраст

    Fri, 01/02/2026 - 22:25
  • Модна битка: Александра Пријовиќ во фустан од илјадници евра во кој пленеше и Жизел Бундшен

    Fri, 01/02/2026 - 19:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.