Позитивна вест: Малиот Ајан го победи ракот и смело заѕвони на Детската клиника во Скопје
Почетна » Новости » Животни стории » Позитивна вест: Малиот Ајан го победи ракот и смело заѕвони на Детската клиника во Скопје

Позитивна вест: Малиот Ајан го победи ракот и смело заѕвони на Детската клиника во Скопје

Малиот Ајан ќе ви го стопли срцето со ѕвонењето на ѕвоното на Детската клиника во Скопје.

Откако го победи ракот, детенцето истрча до ѕвоното и смело го означи крајот на здравствената битка додека медицинските лица го бодреа со охрабрувачки довикувања и аплаузи.

Видео

„Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!

* За Нова година Ајан на министерот Венко Филипче му шепна дека има само една желба - да си оди дома!“ – пишуваат од Детска клиника.

Ајан Ајан

Министерот Венко Филипче објави и порака за персоналот. „Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!“ – напиша тој.

Ритуалот со ѕвонењето симболизира победа над болеста и малите пациенти и нивните родители со нетрпение го очекуваат.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6370 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.