„Повторно се чувствувам како жена, а не како скршено дете“: Фитнес блогерка го победи ракот и сега инспирира на Instagram
Почетна » Новости » Животни стории » „Повторно се чувствувам како жена, а не како скршено дете“: Фитнес блогерка го победи ракот и сега инспирира на Instagram

„Повторно се чувствувам како жена, а не како скршено дете“: Фитнес блогерка го победи ракот и сега инспирира на Instagram

Фитнес блогерка ќе ве инспирира да тренирате за да бидете здрави и ќе ви докаже дека помалиот број килограми не значат и подобар изглед.

Лин Луис Лин Луис Лин Луис

На Лин Луис ѝ била дијагностицирана лимфома, кога таа имала само 26 години. 32-годишната Швеѓанка морала да помине низ хемотерапија и радијација, но кога се наоѓала во најмрачните моменти, решила да не се предава, туку да се бори.

Сфаќајќи колку е важно здравјето и животот без болка, кои многумина ги потценуваат, Лин започнала редовно да тренира фитнес. Таа поминала низ многу промени, физички и ментално, и со секоја физичка активност која ја додавала во нејзиниот распоред, станувала сè посилна и посилна. Денес, инспирира и мотивира повеќе од 2,5 милиони лица да се стремат кон поздрав начин на живот.

Лин Луис Лин Луис Лин Луис

„Отсекогаш бев физички активна. Моите родители имаа коњи и тие станаа голем дел од мојот живот. Бидејќи имаме многу снег во Шведска, започнав да се занимавам со сноубординг, но тоа траеше само кратко. Околу 2012-2013 година се запишав на фитнес со моја пријателка и тоа ми се допадна. Полека започнав да гледам резултати и напорната работа започна да ми се исплатува. Теговите ми го оформија телото. Отсекогаш бев слаба и ми беше тешко да си ја зголемам тежината, па бев пресреќна со резултатите. Токму резултатите ми го зголемија интересот за здравиот начин на живот. Започнав да разбирам како е сè поврзано – тоа што го јадеш, со начинот на кој тренираш и колку се одмараш“ - вели таа.

Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис

Светот на Лин се свртил наопаку кога во 2014 година ја добила ужасната дијагноза.

„Мојот рак беше агресивен и веќе следниот ден по дијагнозата започнав да примам хемотерапија. За време на терапијата, повторно живеев со моите родители, но воопшто не излегував од дома. Без слаба физички и многу спиев. Додека траеше тоа, бев уништена, во умот и во телото. Но, откако завршив со хемотерапијата и радијацијата, мојот начин на размислување целосно се промени. Не се сожалував себеси, туку продолжив да живеам. Се сеќавам дека ќе си ја ставев периката од која ужасно ме чешаше и ќе одев во фитнес сала. Тоа е нешто со коешто се гордеам“ - раскажува младата девојка.

Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис

Во последните шест години, Лин ја покачи својата тежина за повеќе од 10 килограми, но таа вели дека е пресреќна поради тоа.

„Ги обожавам моите нови килограми. Секогаш се сметав себеси за слаба и изгледав болно. Сега лицето ми сјае и имам облини. Повторно се чувствувам како жена, а не како скршено дете.“

„Сакам да ги инспирирам другите кои се соочуваат со каква било болест или пак кои сакаат да го направат следниот чекор кон здрав начин на живот. Фитнесот е голема индустрија денес, со огромен фокус на совршениот изглед. Иако 80% од оваа индустрија е фокусирана на слабеењето, мојата мисија е светот да разбере како да добие тежина на здрав начин“ – вели таа.

Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис Лин Луис

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5981 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“