„Никогаш не вели не можам“: Гимнастичарка без нозе, која била напуштена од родителите, докажува дека ништо не е невозможно
Почетна » Новости » Животни стории » „Никогаш не вели не можам“: Гимнастичарка без нозе, која била напуштена од родителите, докажува дека ништо не е невозможно

„Никогаш не вели не можам“: Гимнастичарка без нозе, која била напуштена од родителите, докажува дека ништо не е невозможно

Потребна ви е инспирација за да направите смела животна промена, голем чекор напред, или пак, да си ја зголемите самодовербата? Запознајте ја Џен Брикер-Бауер, која ќе ве увери дека ништо не е невозможно.

32-годишната жена е родена без нозе, но не дозволува тоа да ѝ застане на патот кон постигнувањето на целите. Инспиративната Американка со романско потекло е професионална гимнастичарка и акробатка, која прави многу повеќе нешта без нозе отколку што прават многумина од нас со нозе. Таа е категорична дека среќата е избор.

Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер

Џен била напуштена од родителите веднаш по раѓањето и била оставена во сиропиталиште во Романија. Но, судбината имала големи планови за неа. По само неколку месеци, била посвоена од прекрасно семејство кое ја научило на едно правило: „Никогаш не вели не можам“. Со помош на нејзините родители, таа научила да го гледа животот како триумф, а не како трагедија и да верува дека може да постигне сè што ќе посака.

Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер

„Моите родители никогаш не се однесуваа кон мене како да сум различна. Ми велеа: ‘Ти си родена вака намерно, со причина, не по грешка’. Факт е дека тоа што сум родена без нозе апсолутно не беше грешка и беше тотално намерно, 100% беше со некаква цел“ – вели Џен.

Џен Брикер-Бауер

Додека растела, таа тренирала гимнастика и била опседната со романската гимнастичарка Доминик Мочиану, добитничка на златен медал на Олимписките игри во 1996 година. Верувала дека тие многу си личат. Подоцна, открила дека таа ѝ е биолошка сестра.

Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер

„Беше неверојатно. Се чувствував како да сум дел од ‘The Princess Diaries’ и дека штотуку дознав дека сум принцеза“ – рекла таа за моментот кога открила дека со Доминик се сестри.

Џен Брикер-Бауер

Џен е авторка на книгата „Everything is Possible“ или „Сè е возможно“ и е мотивациски говорник со публика од целиот свет. Таа гордо го шири мотото кое нејзините родители од најрана возраст го всадија во неа – „Никогаш не вели не можам“.

Денес, Џен е среќно омажена со љубовта на нејзиниот живот Доминик Бауер. Заедно, тие често патуваат низ светот.

Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер Џен Брикер-Бауер

Видео

Видео во кое Доминик зборува за сестра си

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3435 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.