Невеста жалела што покојната мајка не го запознала нејзиниот сопруг, потоа открила дека тие се имале сретнато кога бил дете
Почетна » Новости » Животни стории » Невеста жалела што покојната мајка не го запознала нејзиниот сопруг, потоа открила дека тие се имале сретнато кога бил дете

Невеста жалела што покојната мајка не го запознала нејзиниот сопруг, потоа открила дека тие се имале сретнато кога бил дете

Жена ја раскажа својата љубовна приказна и трогна многумина низ светот, меѓу кои и Џенифер Гарднер, Бри Ларсон, Мишел Фајфер и Гвинет Палтроу.

За Instagram профилот „Humans of New York“, таа сподели дека на нејзината свадба била скршена што покојната мајка никогаш нема да може да ѝ го запознае сопругот. Но, за време на медениот месец открила дека нејзината мајка веќе го имала запознаено, кога тој бил дете.

Прочитајте ја животната приказна на парот од Њујорк, која стана вирален хит на интернет:

Жена Пар

Мама почина на мојот прв училиштен ден. Беше болна цело лето и почина во понеделник во 7 часот наутро, речиси во истото време кога јас требаше да тргнам на училиште. Мислам дека не разбирав колку голема траума беше тоа за мене. Бев покрај неа кога вдиша за последен пат. Ја тешев мојата помала сестричка додека ѝ велеше збогум. А следниот ден, морав да започнам со часовите во сосема ново училиште. Сите учители знаеја што се случи и им кажаа на сите ученици за сите да ме сожалуваат кога се појавив.

Жена Жена Жена

Уште на првиот ден го запознав Алекс. Одевме заедно на хор. Веднаш се спријателивме, но не се состануваме сè додека не ги добивме главните улоги во мјузикл.

Жена

Нашата врска стана сериозна додека бевме на факултет и веднаш по дипломирањето, стапивме во брак. Се чувствував многу лошо што мајка ми не можеше да види ништо од тоа. Секојпат кога ќе се случи некој важен настан, помислувам дека таа не е тука и дека никогаш нема да биде. Бев ужасна, неподнослива тинејџерка кога таа почина. А сега го имам целиот овој живот во кој станав личноста којашто требаше да бидам, а таа не може да види ништо од тоа. Таа нема да ме види како дипломирам. Нема да ги запознае моите деца. Особено е лошо тоа што нема да го запознае Алекс.

На свадбата, запаливме фенер кој означуваше дека мајка ми сè уште е со нас. Церемонијата беше прекрасна, а по неа заминавме на меден месец на Хаваи.

Жена Жена

По неколку дена, ми се јави мојата пријателка Мередит. Беше возбудена. Штотуку откри фотографија од нашиот фудбалски тим од детството и на неа имаше момче кое изгледаше исто како Алекс. Кога му ја покажав фотографијата на Алекс, тој потврди дека е тој, дека бил голман во нашиот тим. Почнав да се смеам. Тоа беше Господов момент. Тоа беше момент во кој сè се поврза. Со Алекс се познававме уште од деца, уште кога мајка ми беше жива.

Жена

Првото нешто што го направив беше да му се јавам на татко ми. Го прашав дали памти нешто за тимот, а тој ми одговори: „Се сеќавам на голманот. За време на натпреварите секогаш седеше во мрежата и си играше со кал. Мајка ти мислеше дека тоа е пресмешно“.

„Ова со сигурност е Господов момент“ – коментираше актерката Џенифер Гарднер.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3780 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.