Најголемото семејство во Австралија: Запознајте го парот кој има 16 деца и 3 внуци
Почетна » Новости » Животни стории » Најголемото семејство во Австралија: Запознајте го парот кој има 16 деца и 3 внуци

Најголемото семејство во Австралија: Запознајте го парот кој има 16 деца и 3 внуци

Џени и Реј Бонели можат да се гордеат што го создале најголемото семејство во Австралија.

Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија

Среќниот пар досега има 16 деца и три внуци, а не ја исклучува можноста за проширување на фамилијата. Тие имаат и три внуци. Интересното е што кога се запознале, 50-годишната Џени била решена дека не сака да има деца, а Реј посакувал најмалку четири деца.

„Му велев дека е луд, но кратко време по неговиот предлог за брак, ме убеди дека семејството ќе биде најголема радост. Се шегував дека ќе се најдеме на средина и дека ќе имаме две деца“ – вели Џени.

Нивното прво дете, синот Џеси, се роди во септември 1989 година, а нивната прва ќерка Брук пристигна на овој свет по само 16 месеци.

„Иако никогаш не планирав да станам мајка, мајчинството се претвори во најдобрата работа која можев да ја побарам. Да ги гледам децата како растат и играат заедно беше многу специјална награда. Еден ден му реков на Реј: ‘Што велиш да пробаме да имаме трето дете?’“ – раскажува таа.

Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија

Нивното трето дете, ќерката Клер, се роди 18 месеци по второто дете. Но, Џени и Реј чувствувале дека имаат уште љубов за давање, па се обиделе за четврто дете. За жал, бременоста завршила со спонтан абортус.

„Сфатив дека секое дете кое ни било дадено е благослов. Затоа, одлучивме да престанеме само кога природата ќе нè спречи во тоа“ – објаснува Џени.

Во изминатите години, тие го добија и 23-годишниот Карл, 21-годишниот Семјуел, 19-годишниот Камерон, 18-годишната Сабрина, 17-годишниот Тим, 15-годишниот Брендон, 13-годишната Ив, 12-годишниот Нејт, 11-годишната Рејчел, 9-годишниот Ерик, 8-годишниот Демијан и 5-годишната Кејтлин.

Најголемото семејство во Австралија

Иако пет од нивните деца веќе живеат самостоен живот, Џени открива дека никогаш досега не биле толку зафатени.

„Додека беа мали, бевме истоштени, но никогаш порано не сум била толку зафатена“ – вели таа.

„Со толку многу деца, мораш да се придржуваш до распоред за да излезеш низ врата навреме. Се будам во 5 наутро секој ден за да се уверам дека сите деца ќе бидат облечени, дека ќе си ги измијат забите и ќе го изедат појадокот пред да дојде училишниот автобус. Во текот на денот сортирам облека за перење и готвам. Кога ќе одам на пазарување, вообичаено завршувам со туркање на две колички“ – објаснува таа.

Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија

Џени вели дека е пресреќна со своето семејство и дека е благодарна за сите свои деца.

„Кога разговарам со луѓето, секогаш ме прашуваат колку кафиња пијам дневно за да го поминам денот. Но, вистината е дека јас не консумирам кофеин. Иако големото семејство дефинитивно не е за секого, благодарна сум што имам 16 среќни и здрави деца. А ако сме доволно среќни да имаме и 17-то дете, тоа ќе биде најголемиот благослов за нас“ – додава таа.

Најголемото семејство во Австралија Најголемото семејство во Австралија

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 685 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.