„Ми велеа дека драматизирам“: Блогерка ја подигнува свеста за ендометриозата, зборувајќи за болното искуство и задоцнетата дијагноза
Почетна » Новости » Животни стории » „Ми велеа дека драматизирам“: Блогерка ја подигнува свеста за ендометриозата, зборувајќи за болното искуство и задоцнетата дијагноза

„Ми велеа дека драматизирам“: Блогерка ја подигнува свеста за ендометриозата, зборувајќи за болното искуство и задоцнетата дијагноза

Девојка ја подигнува свеста за ендометриозата откако на докторите им требале 8 години за да ѝ ја постават дијагнозата.

Ема Максвел уште од тинејџерските години страдала од неиздржливи болки, особено за време на менструација. Поради нејзината состојба, пропуштила бројни школски и работни денови, изгубила многу пријателки, се соочила со анксиозност и депресија, како и со големо страдање.

Откако дознала дека се потребни во просек седум години за една жена која има ендометриоза да ја добие соодветната дијагноза, таа одлучила да создаде платформа на која ќе го споделува своето искуство. Таа е креаторка на Instagram страницата endometriosisem.

Ема Максвел

За нејзиното заболување таа вели:

За оние кои сте запознаени, ендометриозата е хронична состојба при која ткиво, слично на обвивката на матката, расте надвор од неа. Ова формира лезии на другите органи, од матката до јајниците, цревата, мочниот меур, белите дробови, а во некои случаи и мозокот. Кога имате менструација, слој од овие лезии истекува како кога би бил во матката. Но, за разлика од матката, крвта од овие лезии нема од каде да излезе. Како резултат на тоа, со секоја менструација лезиите растат, станувајќи сè полепливи и поопасни за телото.

Еднометриозата е болест на целото тело и е многу повеќе од болна менструација. Симптомите на ендометриозата вклучуваат болка во половината, карлицата, ректумот и вагината, болни и нередовни менструации, грчеви, обилно крварење, болен секс, воспаление, неплодност, умор, подуеност, констипација и гадење. Сите овие беа симптоми на кои јас се имав навикнато уште од млада возраст и се убедував себеси дека се нормални.

Цели осум години мојата болка беше игнорирана од докторите, специјалистите, моите пријатели, дури и од мене. Сега сакам да разјаснам дека болните менструации НЕ СЕ НОРМАЛНИ и дека е време да престанеме да ја нормализираме таа болка.

Ема Максвел Ема Максвел

За време на тинејџерските години, Ема се чувствувала осамено и отфрлено, бидејќи никој не ја разбирал. Сите нејзини врснички ги минувале менструациите незабележително додека нејзе болката ѝ го контролирала животот и секој месец станувала посилна. Бидејќи сите тестови биле во ред, докторите едноставно ѝ рекле дека драматизира и дека има ниска толеранција на болка.

Средношколските денови ѝ донесле уште поголеми проблеми на Ема. За време на менструацијата, таа не можела да стане од кревет со денови и пропуштала од наставата. Ѝ биле препишани апчиња за контрацепција со ветување дека тоа ќе ѝ помогне. Во период од три години, таа примила 10 различни типови таблети за контрацепција, но ништо не помагало.

Откако завршив средно, моите менструации продолжија да се влошуваат. Не само што бев комплетно уништена за време на менструациите, туку постојано имав болки. Бев нездраво слаба и имав тешка констипација, па секогаш изгледав како да сум бремена во шести месец. Не можев да јадам и да пијам без болка, анксиозноста и депресијата се влошија, а мојата болка за време на менструациите никогаш не намалуваше. Пропуштав денови од работа, бев нервозна и едноставно не личев на себе.

Ема Максвел Ема Максвел

Кога имала 17 години, Ема прочитала статија за ендометриоза и ги препознала сите симптоми. Разговарала со својот доктор и ѝ биле направени магнетна резонанца, ехо и рендген, но сè изгледало нормално. Повторно ѝ биле препишани лекарства за контрацепција и ѝ било кажано да ги остави докторите да си ја работат работата.

Она што луѓето без хронична болест не го разбираат е дека е невозможно да го одржуваш брзото темпо на општеството доколку имаш хронична болест. Од мене се очекуваше да одам на работа, да одам на училиште, да имам добри оценки и да се смеам додека го правам тоа. Грчевите не ти даваат екстра ден за да си ја завршиш работата.

Нејзините пријателства се распаѓале, а двете најдобри пријателки брзо се оддалечиле од неа.

Кога се разболев, овие пријателства се распаднаа речиси веднаш. Тоа беше најтешкото апче што требаше да го проголтам. Не само што страдав во тишина, туку и на единствените луѓе кои навистина разбираа низ што минувам, не им беше гајле за да ми ја дадат потребната поддршка.

Дури во септември минатата година, Ема ја добила точната дијагноза откако посетила специјалист за ендометриоза кој ѝ направил лапароскопија. Таа имала адхезии кои започнувале од јајниците, па стигнувале до матката и страничните ѕидови на стомакот. Тоа ги објаснувало констипацијата, проблемите со мочниот меур и грчевите.

Ема Максвел Ема Максвел Ема Максвел

Откако ѝ била направена операција и добила препорака за специјални вежби за стомакот и пределот на карлицата, Ема конечно била среќна што болката во нејзиното тело започнала да се намалува.

Конечно можев да ѝ дадам име на болката. Истовремено открив дека има многу мала свест за болест која засега една десеттина од жените. Просечното време потребно за на една жена да ѝ биде дијагностицирана ендометриоза е седум години. Седум години со погрешни дијагнози, душевна болка, безнадежност.

Мојата цел е да го едуцирам светот. Моја мисија е да создадам платформа во која го покажувам доброто, лошото и грдото на еднометриозата и хроничните болести. Го создадов мојот Instagram профил како средство за да се справам со мојата дијагноза, да ја зголемам свеста, да ја споделам мојата приказна и што е најважно, да им покажам на луѓето дека не се сами. Сакам да дадам надеж. Сакам да започнам разговор за непријатните нешта.

Во минатото, се фокусирав на сè што оваа болест ми одзеде, но сега имам сосема нова перспектива. Благодарна сум за сè што ми даде. Ми даде сила да се застапувам себеси и другите. Ми даде можност да создадам врски кои ми служат мене исто колку што им служат на другите. Ми даде сила и непоколебливост. Ме создаде мене.

Ема Максвел Ема Максвел Ема Максвел Ема Максвел Ема Максвел Ема Максвел

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3572 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.