Мајка ја подигнува свеста за „второстепено давење“
Почетна » Новости » Животни стории » Мајка ја подигнува свеста за „второстепено давење“

Мајка ја подигнува свеста за „второстепено давење“

Откако двегодишниот син на Линдзи Кујава завршил во болница поради „второстепено“ или „суво“ давење, познатата блогерка одлучила да го сподели своето лошо искуство и да ја подигне свеста за оваа опасност за која малкумина се информирани. Иако се случува многу ретко, „второстепеното“ давење може да заврши фатално ако се игнорираат знаците.

Линдзи и РонанЛиндзи и Ронан

Во својот пост Линдзи опишува како се случила несреќата на роденденска забава кај роднини. Додека нејзиниот син Ронан си играл на големо скалило во базенот, таа будно го набљудувала. Но, доволно било таа да се сврти на другата страна само пет секунди за нејзиниот син да започне да се дави. За помалку од 20 секунди таа успеала да го извлече од водата. „Го извлеков колку што можев побрзо. Целиот кошмар траеше околу 20 секунди, од моментот кога падна во водата додека да го извлечам“ – пишува таа.

Освен што бил малку исплашен и што кашлал, Ронан се однесувал нормално, па Линдзи не ни помислувала дека може да има дополнителни проблеми. Но, неколку часа по враќањето дома, забележала дека однесувањето на нејзиното дете е малку невообичаено.

Линдзи мислела дека Ронан е уморен по забавниот ден, но ја загрижило тоа што продолжил да кашла. Следејќи го својот мајчински инстинкт, таа се јавила кај неговиот педијатар кој веднаш ја упатил да побара итна медицинска помош во болница, бидејќи Ронан страдал од ефектите од давењето, понекогаш нарекувани второстепено давење. Следувале рендген снимања на градите и тестови на крвта. На истото одделение во детската болница во Сан Диего имало уште две момчиња кои биле лекувани од второстепено давење.

Второстепеното давење може да се случи неколку часови по излегувањето од базенот. „Ретко е, но се случува“ – изјавила Алисон Осинки, експерт за безбедност на вода, за CNN.

„Сувото давење се случува кога некој ќе вдише мала количина вода“ – објаснува Џејмс Орловски, доктор во болница во Тампа, Флорида. Сепак, тоа мало количество вода ги спречува белите дробови да ја снабдуваат крвта со кислород.

Поради хемикалиите кои ги има во базените, можно е да настане и воспаление на белите дробови, како што било случај и со Ронан.

Симптомите на второстепено давење, кои се појавуваат во период до 24 часа по вдишувањето на водата, се: отежнато дишење, болка во градите или кашлица, нагла промена во однесувањето и летаргија (екстремен замор). Експертите се едногласни дека најдобрата превенција е внимателно набљудување на децата додека се во вода.

Мајчинскиот инстинкт на Линдзи го спасил животот на нејзиното дете. Благодарение на навремената реакција и брзата медицинска интервенција, Ронан се опоравил по еднодневен престој во болница.

Линдзи вели дека никогаш претходно немала слушнато за второстепено давење и дека би постапила поинаку доколку била информирана, па затоа сега се залага што повеќе родители да дознаат за оваа опасност.

„Пред таа сабота никогаш немав чуено за второстепено давење. Ако имав слушнато претходно, ќе постапев поинаку. Ќе го однесев в болница во моментот кога ги забележав промените во неговото однесување... Многу сум благодарна што Ронан е ОК и што не решив таа ноќ да го легнам да спие со мислата дека сѐ е во ред. Сакам да се погрижам ова да не му се случи на ниту едно друго дете“ – пишува Линдзи.

Важно е да се напомене дека нема потреба од паника секогаш кога детето се закашла додека плива, бидејќи второстепеното давење се случува многу ретко, но добро е да се имаат на ум симптомите по слични инциденти во вода.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9551 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.