Мајка од Индија роди 15 ќерки упорно обидувајќи се да добие син
Почетна » Новости » Животни стории » Мајка од Индија роди 15 ќерки упорно обидувајќи се да добие син

Мајка од Индија роди 15 ќерки упорно обидувајќи се да добие син

Брачен пар од Гуџарат, Индија, долги години упорно се обидувал да добие син, но секоја бременост завршувала со женско бебе во утробата. Неодамна тие ја добија својата петнаесетта ќерка.

Индија е земја во која се фаворизира машкиот пол и девојчињата се сметани за товар на семејството. Поради тоа, не е зачудувачки што Кану Сангод и нејзиниот сопруг Рамшин сакале да имаат син.

Како и најголем дел од браковите во Индија и бракот на Кану и Рамшин бил договорен од нивните семејства пред 20 години. По 14 родени ќерки, во 2013 година 40-годишната Индијка конечно го донесе на свет своето прво синче. Среќата била неизмерна.

Семејството Сангод Семејството Сангод Семејството Сангод

Нивната желба да имаат уште синови не прекинала таму. Тие продолжиле да се обидуваат, но повторно добиле девојче.

„Сакав да му подарам на мојот син братче, за да си се поддржуваат меѓусебно и да се грижат за сите свои сестри, но тоа не беше судено да се случи. Ние бевме дарувани со уште една ќерка и сега мора да го прифатиме тоа“ – изјавила мајката.

Кану изјавила дека нејзиниот сопруг на почетокот бил доста среќен за раѓањето на нивните ќерки, но дека му дошло преку глава и бил лут по раѓањето на четвртото женско бебе. „Ме обвинуваше мене за тоа што раѓав само девојчиња и еднаш ми се закани дека ќе се прежени ако не му родам син. Не сакав да го разочарам. Сакав да го усреќам. И јас сакав син, па затоа продолжував да забременувам“ – рекла Кану.

Семејството Сангод

Како и секое големо семејство, тие имале финансиски проблеми и ги немале неопходните услови за егзистенција. Понекогаш Кану не можела да си дозволи оброк за време на нејзините бремености, бидејќи морала да ја остави храната за своите деца. Две ќерки им починале уште како бебиња поради тешка болест. Но, ни тоа не ја спречило Кану да продолжи да се обидува да си ја исполни својата, но и желбата на својот сопруг.

Кога пред две години го родила своето синче, таа не можела да поверува што се случува. „Тоа беше најубавиот ден во мојот живот. Час и половина не можев да поверувам дека всушност добив син“ – рекла таа.

Семејството Сангод Семејството Сангод Семејството Сангод

„Девојчињата се мили и навистина ги сакам моите ќерки, но сакав да имам син. Нашите ќерки ќе се омажат и ќе се преселат. Кој ќе се грижи за нас?“ – рекол таткото, објаснувајќи дека двете најстари ќерки, 17-годишната Севанта, 15-годишната Неру, биле веќе мажени и не живеат повеќе со нив.

Само пет од девојчињата оделе на училиште, а другите биле принудени да работат и да се грижат за домот.

Скромниот дом во кој Кану и Рамшин живеат со своите 12 децаСкромниот дом во кој Кану и Рамшин живеат со своите 12 деца

Упорниот пар по 15 родени ќерки, конечно се откажа од желбата да добие уште еден син.

Пред неколку месеци беа објавени шокантни податоци дека во Индија секој ден се абортирани или убивани по 2.000 бебиња само затоа што се женски.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9521 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?